Контакт

Европа

Премиерот на Украина, Јаценјук поднесе оставка

Објавено пред

Украинскиот Арсениј Јанценјук на заседание на Врховната Влада (парламентот) во четвртокот ја објави својата оставка, откако беше објавено дека престанува да постои владејачката парламентарна коалиција Европски избор, чии членки соопштија дека со тоа му овозможуваат на претседателот Петро Прошенко да го распушти сегашниот состав на парламентот и да ја покрене процедурата  за распишување предвремени парламентарни избори.

dobivaj vesti na viber

„Во тој случај, доколку нема нова коалиција, и актуелната коалиција во парламентарно-претседателската република се распадна, владата и премиерот ја објавуваат својата оставка. Јас ја објавувам својата оставка во врска со распадот на коалицијата и блокирањето на владините иницијативи“, изјави премиерот Арсениј Јаценјук, кој дојде на должноста по февруарскиот преврат кога по безредијата започнати ланскиот ноември откако поранешниот претседател Виктор Јанукович реши да го суспендира потпишувањето на Спогодбата за придружување и слободна трговија со Европската унија, на власт без избори дојде прозападната поранешна опозиција.Според Јаценјук неприфатливо дека парламентот не го поддржале предлог законот чија цел беше создавање услови за социјална поддршка за припадниците на украинската армија, милиција, на образовниот кадар, како и одбивањето да биде поддржан предлог законот со кој на владата и’ се овозможуваше да продаде 49 отсто од државниот оператор ГТС Украина на инвеститори од САД и од ЕУ.„Резултат од распадот на коалицијата е недонесувањето на законите со кои ќе се пополнеше приходната страна на Буџетот. И тоа е јасно: кој сака да оди на избори и истовремено да гласа за непопуларните закони“, додаде Јаценук. Според него, сегашниот состав на владата на Украина, можеби, по неколку години ќе биде сметана за пример. „Дали сум задоволен од она што го сработив? Се разбира дека не. Сакав да направам повеќе и подобро, побрзо. Но одговарајќи на прашањето дали сме сториле сé што можевме, во рамките на нашите сили, давам потврден одговор – да, направивме“, истакна Јаценјук, на седницата во украинскиот парламент пренесувана на  украинските електронски медиуми.Според него, она што во четвртокот претходно се случи во парламентот, ќе има многу сложени, ако не и драматични последици за земјата. Според уставот на Украина, оставката на премиерот повлекува оставка на целата влада.  Кабинетот чија оставка ја прима парламентот, продолжува да ги исполнува своите овластувања и должности до формирање на новата влада.Претходно во четвртокот, двете парламентарни групи, УДАР на Виталиј Кличко кој стана градоначалник на престолнината Киев со поддршка на претседателот Петро Порошенко во чија полза претходно ја повлече својата претседателска кандидатура, и националистичката партија Слобода, за која се врзува ултранационалистичкото движење Десен сектор, како и фракционери од пратеничката група на најбројната партија Баткившчина (Татковина) на поранешната премиерка Јулија Тимошенк го објавија растурањето на мнозинската парламентарна коалиција што ќе овозможи распуштање на актуелниот состав на Врховната Рада. „Сметаме дека во сегашната ситуација парламентот кој ги штити државните криминалци и руските агенти, кој одбива да им го укине имунитетот на оние коишто работат за Кремљ, не треба ни да опстане“, изјави челникот на Свобода, Олег Тјагнибок.Украинскиот претседател Петро Порошеко го поздрави излегувањето на двете партии од владејачката парламентарна коалиција, истакнувајќи дека „Украинците сакаат целосно нов почеток“. Претходно во четвртокот, претседателот на украинскиот парламент, Олександр Турчинов, го најави распуштањето и забраната за дејствување на пратеничката група на Комунистичката партија на Украина (КПУ) која е обвинета дека јавно го поддржува „прорускиот сепаратизам“ на истокот на земјата.„Ова е историски момент. Се надевам дека никогаш повеќе нема да има комунистички групи во украинскиот парламент“, истакна Турчинов, кој го искористил неодамна усвоениот закон кој му овозможува распуштање на некои пратенички групи кои имаат мал број пратеници. Во украинскиот парламент кој го сочинуваат 450 пратеници, 23 од нив беа комунисти.  Шефот на пратеничката група од Комунистичката партија, Петро Симоненко, одлуката на Турчинов ја оценил како „нелегална“.Украинската влада на 8-ми  јули соопшти дека е покрената судска постапка со која ќе го забрани дејствувањето на Комунистичката партија,  бидејќи според сознанијата на украинската служба за безбедност, локалните одбори на комунистите ги поддржувале проруските бунтовници на истокот од Украина кои се борат против владините сили за безбедност./крај/мф/сн

Извор: УНН, AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Јулија Тимошенко: Моите банкарски сметки се блокирани

Објавено пред

Лидерката на партијата Татковина и поранешна украинска премиерка Јулија Тимошенко, која од страна на истражителите е осомничена дека нудела мито на неколку пратеници, објави дека нејзините банкарски сметки се замрзнати.

dobivaj vesti na viber

Тимошенко го објави ова на Фејсбук, а нејзината реакција доаѓа откако беше објавено дека обвинителите ќе бараат кауција од околу еден милион евра и изрекување мерки на претпазливост. Според неа, дури тогаш дознала дека нејзините сметки се замрзнати.

„Што е надреализам? Ова е кога во отворено политички нарачан случај планирате да платите кауција со парите што сте ги добиле како компензација за политичкиот прогон на одреден кратковид „диктатор“. Но, не можете да го направите ова бидејќи вашите банкарски сметки беа блокирани дури и пред судската одлука.

Вака изгледа „антикорупциската правда“ на меѓународните измамници. Вие наивни луѓе веројатно мислите дека со такви примитивни потези ќе ме принудите да бегам или дека ќе престанам да се борам. Страшно грешите“, напиша Тимошенко на Фејсбук.

Украинските антикорупциски власти во вторник вечерта објавија дека откриле корупција поврзана со лидер на партија. Подоцна беше потврдено дека случајот се однесува на Јулија Тимошенко. Таа е осомничена за нудење нелегални бенефиции на пратеници од други партии во замена за гласање за или против одредени законски предлози.

Извори од политички кругови потврдија во среда наутро дека истражителите ѝ доставиле на Тимошенко известување за сомневање. Потоа, Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБО) објави аудио снимка во која, според истражителите, Тимошенко и неидентификуван пратеник разговараат за шема за плаќање за гласови во украинскиот парламент.

Тимошенко рече дека тоа била „голема ПР-шоу“ и „чистење на политичките конкуренти пред изборите“. Таа тврди дека истражителите „не пронашле ништо“, туку само ги заплениле нејзините „мобилни телефони, парламентарни документи и лични заштеди, кои се целосно наведени во нејзината имотна картичка“. Таа, исто така, изјави дека објавената аудио снимка „нема никаква врска“ со неа.

Прикажи повеќе...

Европа

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Објавено пред

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи ја можноста да повика на зајакнување на воената моќ на Франција.

dobivaj vesti na viber

Францускиот претседател го спореди својот проблем со очите со песната „Eye of the Tiger“, велејќи дека тоа е знак на решителност и предупредување дека Франција може да остане слободна во „брутален свет“ само ако другите се плашат од неа и ако е моќна.

epa12650914 French President Emmanuel Macron delivers a speech during a visit to the Istres Air Force Base in Istres, southern France, 15 January 2026. The French president travelled to the Istres airbase to present his New Year’s wishes to the armed forces. EPA/PHILIPPE MAGONI / POOL

Повикувањето на насловната песна од филнот „Роки III“ од 1980-тите години дојде откако Макрон ја прогласи француската армија за „најефикасна“ во Европа, додавајќи дека таа мора да стане посилна и побрза. Пред говорот, кој започна со објаснување за неговиот изглед, Макрон носеше очила за сонце додека ги прегледуваше војниците.

„Ве молам извинете за грдиот изглед на моето око. Тоа е, се разбира, нешто сосема безопасно“, рече Макрон. „Сфатете го како ненамерна референца на „Eye of the Tiger“… за оние кои ја разбираат референцата, тоа е знак на решителност.“

epa12651821 French President Emmanuel Macron delivers a speech as he visits the Istres military air force base, southern France, 15 January 2026. The French president travelled to the Istres airbase to present his New Year’s wishes to the armed forces. EPA/PHILIPPE MAGONI / POOL

Тој го искористи своето новогодишно обраќање до војниците во воената база во јужна Франција за да најави поголеми трошоци за одбрана. Тој рече дека сака да ги помести плановите за буџет за одбрана од 64 милијарди евра од 2030 на 2027 година, со 3,5 милијарди евра за забрзување на вооружувањето на Франција достапно оваа година.

Прикажи повеќе...

Европа

Герасимов: Во јануари окупиравме 300 квадратни километри во Украина

Објавено пред

Руските сили зазедоа повеќе од 300 квадратни километри украинска територија во првата половина на јануари, изјави началникот на рускиот Генералштаб, Валериј Герасимов. Русија соопшти дека минатата година зазела 6.640 квадратни километри во Украина.

dobivaj vesti na viber

Украинскиот парламент во среда го назначи младиот технократ Михаил Федоров за министер за одбрана, додека владата се стреми да ги поттикне иновациите за да ја зајакне војската за време на тешката фаза од речиси четиригодишната војна.

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека му наредил на 34-годишниот Федоров да спроведе брзи одлуки за заштита на украинското небо, зајакнување на линиите за снабдување на фронтот и воведување други технолошки решенија за запирање на руското напредување.

Исцрпената украинска армија е побројна и пооружена на фронтовските линии откако започна руската инвазија во февруари 2022 година. Руските сили бавно напредуваат во источниот регион Донецк и се обидуваат да ги пробијат одбранбените линии на југ и североисток.

Бидејќи дипломатските напори за завршување на војната не даваат опипливи резултати, Киев се соочува со потребата да ги зајакне своите вооружени сили, кои бројат околу милион припадници.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Брисел со поддршка за Данска и Гренланд; Фон Дер Лајен порача: Царините на Трамп се закана за трансатлантските односи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предупреди на опасноста од воведување царини, кои, според неа, би ги поткопале...

Свет6 часа

Трамп воведува царини за 8 европски земји: „Ќе плаќаат додека не го преземам Гренланд“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави бран зголемување на царините за европските сојузници додека на САД не им биде дозволено...

Македонија9 часа

(Видео) Филипче и Заев сакале да му ја земат болницата на Жан Митрев, Обвинителството да истражи, порача Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран...

Македонија10 часа

Филипче го повика Жан Митрев да оди кај обвинител и да поднесе кривична, најави и тужби: „Ова не е политика, сега ќе ги тужам“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува, како што рече, јавен линч против него преку лаги,...

Македонија11 часа

Вандализиран паркот „Бановина“ во Аеродром – искршена урбаната опрема, оштетена фонтаната, а провалено е и во чуварската куќа

Општина Аеродром најостро го осуди вандалскиот чин што се случил синоќа во паркот Бановина, каде што била сериозно оштетена јавната...

Топ13 часа

Обвинение за помагачите во бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена на Народен фронт

Обвинителството поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за помагање, во случајот со 18-годишникот од Скопје...

Македонија14 часа

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории,...

Свет17 часа

„Не го чепкајте Гренланд“: Масовни протести во Данска и Нуук против плановите на Трамп

Големи протести против најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд се очекуваат денеска во повеќе градови во...

Свет17 часа

Украинска делегација заминува во САД за појаснување на условите за можен мировен договор со Русија

Украинските преговарачи патуваат во Соединетите Американски Држави за да ги разјаснат условите за евентуален мировен договор со Русија, изјави претседателот...

Спорт1 ден

Македонија со пораз од Данска го започна Европското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото...

Свет1 ден

Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“

Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја...

Свет1 ден

Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД...

Македонија1 ден

МВР ќе ги тестира поставените камери: од 20 до 31 јануари на местата каде ќе се вршат активностите, нема да биде дозволен сообраќај

Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се...

Македонија1 ден

Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот и скршил ребро: скопјанец осомничен за физички напад и загрозување на сигурноста на жена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично...

Македонија2 дена

Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД. Тој појасни дека суспендирањето на визите...

Македонија2 дена

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до...

Свет2 дена

Планoт за брз влез на Украина во ЕУ предизвика загриженост во Брисел

Брисел разгледува можност за напуштање на досегашниот модел на проширување на Европската Унија и воведување т.н. двослоен модел на членство,...

Топ2 дена

Почината жена пронајдена во стан во Струга

Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското...

Европа2 дена

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи...

Свет2 дена

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да не започнува воздушни напади врз Иран, стравувајќи...