Црна хроника
Обвинителството бара притвор за Црногорец кој кршел маси и се тепал во кафеана
Црногорски државјанин е осомничен за нанесување тешка телесна повреда. Основното јавно обвинителство Скопје почна постапка против црногорски државјанин кој заедно со непознато машко лице на 9 ноември скршиле маса во гостилница во Скопје.
На 13 ноември тој повторно со едно непознато лице се вратил во истата гостилница и му се извинил на оштетениот за своето претходно однесување. Но, на излегување, без повод и причина, го нападнале оштетениот и тешко телесно го повредиле удирајќи го со тупаници во пределот на носот и лицето. Од ударите оштетениот се здобил со повеќе скршеници и паднал во бессознание, а осомничениот и непознатото лице го напуштиле местото на настанот.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство со оглед на тоа што тој нема пријавено живеалиште во земјава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почината жена пронајдена во куќа во Струга
Вчера во 17:20 часот во ОВР Струга, од Итната медицинска помош Струга е пријавено дека во куќа на ул.„15-ти Корпус“ во Струга, сопственост на Р.М.(55) од Струга, пронајдена е почината Б.В.(56) од Струга.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга, информира полицијата.
Црна хроника
Тетовец извршил обљуба врз малолетно девојче
Татко пријавил во полиција дека маж од Тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
Имено на 10.11.2025 во 15:00 часот во ОВР Дебар, 41-годишен маж од дебарско пријавил дека лице од тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, уапсени две лица
Вчера во 15:00 часот, полициски службеници ги уапсиле Н.И.(31) и Д.Н.(21) затоа што при преглед на патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регитарски ознаки, кое го управувал Д.Н., а сопатник бил Н.И., биле пронајдени и одземени дигитална вага и бела грутчеста материја.
Исто така, пронајдена е и бела материја која претходно Д.Н. ја фрлил од возилото.
Додека, при претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, кај Д.Н. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а кај Н.И. дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја.
Двајцата се приведени и задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против ќе биде поднесена соодветна пријава.

