Македонија
Прилеп се подготвува за чествувањето на градската слава „Свети Никола“

Општина Прилеп традиционално по 13 пат, годинава е организатор на чествувањето на градската слава „Свети Никола“. Домаќин на чествувањето, поточно кум на градската слава овој пат е фамилијата на градоначалникот Илија Јованоски.
Од општината најавија дека годинава патрониот празник на градот, ќе се чествува во духот на еднаквоста и хуманоста, без поделби на богати и сиромашни, односно без свечени ручеци во ресторани.
„Јас сум градоначалник на сите граѓани, без оглед на националната и верска припадност. Затоа обврските околу годинешното кумство, ги презеде мојата сопруга Виолета Јованоски, како претставник на нашата фамилија. Сакам да кажам дека во духот на св. Никола како заштитник на морето, морепловството,децата и сиромашните годинава за прв пат, ќе чествуваме во духот на еднаквоста и хуманоста. Во центарот на градот ќе се служи една свечена, посна трпеза, а прослави во ресторани ќе нема. Второ, за да ја поттикнеме хуманоста, организиравме со здружението ‘Епилепсија Македонија’ и со о.о. на Црвен Крст, хуманитарна акција. Сакаме да покажеме дека хуманоста нема име, има само срце. Затоа донациите од граѓаните во неколкуте маркети во градот, беа спакувани од млади волонтери, а потоа екипи од центарот за социјална работа ги дистрибуираат до семејствата –на кои што оваа помош им е најпотреба. Вака покажуваме почит, го штитиме достоинството на сите наши сограѓани, далеку од камерите,без помпа, без популизам“, порача градоначалникот Илија Јованоски.
За празнувањето, чествувањето, за подготовката на традиционалната трпеза како што рече, обврските ги презема неговата сопруга Виолета Јованоска.
Прилепските домаќинки, коишто со години го подготвуваат проверениот рецепт за посни сарми, од изутрината во салата на хотелот „Липа“ ги виткаат посните сарми.
„Тајната на прилепската сарма е во оривчето, зелката, црвениот пипер и биберот. Сармите се многу мали, се виткаат колку едно гравче. Ставаме по неколку зрнца ориз, се става масло, пипер и бибер, се вари на тивко, потоа се тура запршка и нема повкусно јадење. Овој рецепт нам ни го предале нашите баби и мајки. Сармите се заливаат со песна и црно вино, со маслинче,суви пиперки потпечени и наронети во сармата“, вели Менче Пејоска од здружението „Преродба“.
„Сармата може да отстои и неколку дена, се јаде цела недела, особено со ракиичка, со мезе и многу е вкусна. Повеќе од половина семејства во градот ја слават оваа слава, затоа од 2006 година кога почнавме со подготовките на овие сарми, оваа слава е земена како заштитник на Прилеп“, вели Марија Михајлоска, домаќинка која што е вклучена во виткање на сармите.
„Една прилепчанка ако не завитка 1000 сарми, таа не е прилепчанка. Прилепчанките се единствените традиционални жени, и тие ја почитуваат виситнски традиицијата. Се слави во куќите во домашна атмосфера, се е направено од рацете на домаќинката. И ние, дома чекаме гости, ќе ни дојдат за овој ден од сите страни, и од странство. Денеска сигурно овде ќе свиткаме 40.000 сарми. Ние можеме тоа да го направиме со љубов и домаќински“,вели Љубица Петреска, од организацијата на жени „Мајка Традиција“ од Прилеп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес – најнов пресек на состојбата со пожарите

На територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири, соопшти Центарот за управување со кризи.
Во Општина Прилеп, гори кај селото Бешиште. Се работи за приземен пожар во квалитетна мешана шума. Активен е пожарот и кај Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка беснее шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел). Во Општина Велес пожарот избувна во ниска вегетација.
Изгаснати се 4 пожари: Општина Врапчиште, с. Врањовци – ниска вегетација, ѓубриште; Општина Липково, с. Лојане – ниска вегетација и стрниште; Општина Карбинци, с. Радање – блок (површина) посеана со жито и ниска вегетација и ОпштинаАрачиново, с. Орланци – ниска вегетација и отпаден материјал.
Македонија
(Видео) Според СДСМ, надворешната политика доживува дебакл

Андреј Жерновски од СДСМ, на денешната прес-конференција ја оцени надворешната политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ како дебакл без ниту еден успех.
Жерновски изјави дека, по една година владеење, Македонија се соочува со „сериозно влошена меѓународна позиција“, без напредок на европскиот пат, без нови инвестиции и со зголемена царина од страна на САД. Според него, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски не остварил ниту еден договор или резултат на дипломатски план.
СДСМ ја критикува и состојбата со дипломатската мрежа, која, како што рече Жерновски, е „разурната, партизирана и нефункционална“, а Македонија се наоѓа „на периферијата на демократскиот свет“.
Како посебно загрижувачка точка беше истакната и заканата, како што наведуваат од СДСМ, за можно бришење на македонскиот јазик од Извештајот на Европскиот парламент, што партијата го поврзува со актуелната надворешна политика на МНР.
Жерновски рече дека за време на владеењето на СДСМ бил обезбеден македонскиот јазик во официјални документи на ЕУ, вклучително и договорот со ФРОНТЕКС, без фусноти и дополнителни објаснувања.
„Тој успех денес е доведен во прашање поради вазалската политика на Муцунски и неговиот шеф Мицкоски“, рече Жерновски.
На крајот, порача дека СДСМ ќе продолжи да се бори за враќање на Македонија на патот на меѓународни успеси, европска иднина и заштитен идентитет и јазик.
Македонија
(Видео) Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај, при што сторителот незаконски се приклучил за да наводнува неколку илјади метри квадратни пластеници. За случајот е изготвена и поднесена кривична пријава.
Ваквите појави сериозно го нарушуваат водоснабдувањето во градот, особено во урбаните и руралните средини кои секојдневно се соочуваат со намален притисок и недостиг на вода. Покрај директната штета врз системот, сторителот избегнувал и плаќање за потрошена вода во висина од илјадници евра, нанесувајќи штета на Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“, соопшти Град Скопје.
Согласно системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка, во јуни е забележана енормна потрошувачка на вода, која на одредени денови достигнала рекордни 356.000 м³. Тоа претставува околу 700 литри вода дневно по жител. Високата потрошувачка најчесто се должи на нерационално користење на вода – за наводнување, перење возила и полнење базени – дел од тоа и преку нелегални приклучоци.
Град Скопје апелира до надлежните институции, вклучително и МВР и Јавното обвинителство, активно да се вклучат во процесот на справување со дивите приклучоци и заштита на системот за водоснабдување. Се додава и дека неказнивоста води кон безредие, а граѓаните заслужуваат безбеден, редовен и правичен пристап до вода.