Македонија
Семејството на Стојаноски: Немаме зборови, солзите не запираат, благодарност за поддршката
Семејството на починатиот градоначалник на Охрид, Јован Стојаноски, до сите граѓани на Охрид упати зборови на благодарност за нивната искажана поддршка и почит кон својот градоначалник.
„Во најтешките моменти за нашето семејство сакаме да ви упатиме огромна благодарност до сите вас добри и прекрасни луѓе, кои ги надминавте сите партиски, човечки и сите други пречки и со дела, убав збор, стисната рака во знак на поддршка или само човечки поглед ни помагате да го поминеме и ова најголемо премреже.
Зборови немаме, солзите не запираат, за нас остана само голема празнина, која никогаш нема да се надополни. Негова најголема љубов беше Охрид. Да му се оддолжиме сите заедно со тоа што ќе се сплотиме, ќе го изградиме како што прилега, ќе го направиме да биде, како што милуваше да каже „најубавото место на светот“, со силно образование, со насмеани луѓе, со верба во Бога и народот.
Да застанеме зад оваа идеја во која веруваше Јован – градоначалникот и да се сеќаваме на него онаков како што и секогаш беше – со широка насмевка, топла прегратка и отворено срце за сите“, се вели во пораката на семејството Стојаноски до охриѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

