Црна хроника
Обвинение за неовластено производство и пуштање во промет на дрога
Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинение против едно лице што се товари за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на дрога.
Како што се навдува, обвинетиот во својот дом неовластено, заради продажба, држел поголема количина наркотична дрога, и тоа: 19 пакувања наркотична дрога марихуана со вкупна нето-маса од 35 грама, четири пакувања со наркотична дрога хероин со вкупна нето-маса од 1,17 грам, како и синтетички опијат „метадон“ во шест шприца со вкупен волумен од 6,5 милилитри, како и 307 пластични шишенца „метадон“ исполнети со поединечно количество 1 мл – 70 мл синтетички опијат.
Ценејќи дека сè уште постојат законските основи поради кои на лицето му беше определена мерка притвор, надлежен јавен обвинител заедно со обвинителниот акт достави и предлог за продолжување на притворот за обвинетиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ги претепале играчите од гостинскиот клуб: уапсени две лица од Кумановско
Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса“ од с.Слупчане, општина Липково.
Тие на фудбалски натпревар во с.Слупчане физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“ од Скопје.
СВР Куманово презема мерки за откривање на сите инволвирани и за целосно расчистување на случајот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Нападнати баба и внука во Чаир
Вчера во 12:30 часот во СВР Скопје, А.Ф.(72) од Скопје пријавила дека на 25.10.2025 околу 17:00 часот во домот на подрачјето на Чаир, таа и нејзината внука А.Ф.(18) биле физички нападнати од Ј.И., Е.О.И., С.И. и С.И..
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со оружје го нападнале и опљачкале кај наплатната рампа „Миладиновци“
Вчера во 06:20 часот во СВР Скопје, Б.Н.(26) од Кичево пријави дека на автопатот „Пријателство“, во близина на наплатна рампа „Миладиновци“, општина Петровец, додека бил паркиран во патничко возило, пет машки лица застанале со друго патничко возило и со закана со огнено оружје му одзеле пари и други предмети.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

