Скопје
Се реконструира дел од „Ленинова“
Општина Центар почна со третиот дел од реконструкцијата на улицата „Ленинова“, во должина од 310 метри, на потегот од булеварот „Партизански одреди“ до улицата „Орце Николов“.
Општина Центар почна со третиот дел од реконструкцијата на улицата „Ленинова“, во должина од 310 метри, на потегот од булеварот „Партизански одреди“ до улицата „Орце Николов“.
Коловозот беше во лоша состојба, со ударни дупки и прекопи и граѓаните се жалеа на безбедноста на движење и возење.Се вади тампонскиот материјал и се вградува нов тампонски слој. Ќе се постави нов асфалт на цела должина на коловозот, на површина 4500 м2.На овој потег од „Ленинова“ никогаш немало атмосферска канализација и затоа доаѓаше до мешање на атмосферската со фекалната канализација, како и до создавање на вирови после секој поголем дожд. Нова атмосферска канализација, која ќе ги прифати атмосферските води од улицата, ќе се изгради во должина од 160 метри.По комплетирање на третата фаза, општина Центар ќе ја реконструира улицата „Ленинова“ и на потегот од булевар „Партизански одреди“ до Клубот на пратеници./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




