Македонија
Членовите на Судскиот совет и судиите ќе добијат повисоки плати за 21 илјада денари
Членовите на Судскиот совет вчера донеле одлука да си ги зголемат своите плати и платите на судиите 35 отсто, објави Синдикатот на УПОЗ. Тврдат дека одлуката има ретроактивно дејство, што значи исплата на надоместоци на платата за приближно 21.000 денари за септември и октомври 2018 година. На веб-страницата на Судскиот совет во делот за Судскиот буџетски совет нема никаква информација за оваа одлука.
„Синдикатот на УПОЗ и ЗСА сметаат дека оваа одлука е донесена ретроактивно, таа не е законска и е на границата на безобразност и дрскост. Ваквата одлука посебно ја иритира судската служба бидејќи за неа на Судскиот буџетски совет не се направени никакви обиди, ниту напори, да биде најден начин за исплата на каков било додаток или друг вид паричен надоместок, дури не се нашло ниту можност да се исплати износот предвиден со решенијата за успешност за март 2017 година донесени на 4.4.2017 година“, пишува во реакцијата.
Постапката за измени на Законот на судската служба во делот на додатоци на плата е во тек. Измените се наоѓаат пред Министерството за финансии заради утврдување на фискалните апликации, а процедурата за донесување на овој закон се очекува да биде завршена во најкуси можни законски рокови.
Следната недела закажана е средба на претставници од Синдикатот на УПОЗ и ЗСА со премиерот Зоран Заев за проблемите на вработените во судската служба. „Доколку барањата од 3.12.2018 година на Синдикатот на УПОЗ и ЗСА не бидат исполнети, Синдикатот на УПОЗ на денешната седница на претседателството ќе донесе одлука за датумот на штрајкот во судовите, кој ќе биде најригорозен од сите досега одржани штрајкови“, пишува во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

