Црна хроника
Македонец уапсен во Албанија со 450 килограми марихуана

Притворен македонски државјанин во Драч, Албанија, откако полицијата во вторникот вечерта во неговото возило открила 450 килограми марихуана.
Дрогата била откриена во возило со кое управувал македонскиот државјанин кој се обидувал да ја внесе марихуаната во пристаништето, соопштуваат од тамошната полиција.
Полицијата потврдила дека дрогата е од албанско потекло, а возачот на возилото чиј идентитет не се открива веднаш е притворен од страна на полициските службеници./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Маж од Богданци ја истепал сопругата, со која се во бракоразводна постапка, во кафеана

Вчера во 23:15 часот во Полициската канцеларија Богданци, 35-годишна жена од Богданци пријави дека околу 21:40 часот во угостителски објект во Богданци била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Т.(43) од Богданци, со кого се во бракоразводна постапка.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Опожарен трансформатор на ЕВН, нема повредени лица

Вчера во 21:50 часот во СВР Штип е пријавено дека во село Криви Дол, штипско, настанал пожар на трансформатор, во сопственост на ЕВН Македонија.
Повредени лица нема. Екипа од Територијалната противпожарна единица Штип го изгасиле пожарот.
Црна хроника
Исчезна 13-годишник од Јавна установа за згрижување деца

Денеска во 00.40 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца е пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник А.Х.(13), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.