Црна хроника
Воз прегази мигрант

Мигрант загина во железничка несреќа што се случила утрово околу 10.30 часот во кумановската населба Карпош.
Товарен воз што сообраќал на релација Табановце – Куманово удрил во лице, најверојатно илегален мигрант.Повредениот во критична состојба бил префрлен во Медицинскиот центар во Куманово каде што им подлегнал на повредите.Полицијата врши увид на местото на несреќата.Полицијата информира и за инцидент што се случил на граничниот премин „Богородица“, а во кој учествувале мигранти.Според податоците на полицијата, во неделата околу 17.30 часот поголема група мигранти почнале да фрлаат разни предмети и камења, шишиња, чевли кон полициските службеници.Полицијата привела тројца сириски државјани кои се издвоиле како предизвикувачи.Инаку, во изминативе три дена полицијата издала рекорден број потврди за изразување намера за барање азил на 3.694 мигранти, со што вкупниот број издадени потврди се искачи на вкупно 37.461.Полицијата примила и шест нови барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.