Црна хроника
(Видео) Пожар на улицата Јордан Мијалков

Пожар се случи во 40 минути пред 13 часот на улицата Јордан Мијалков во центарот на Скопје. На самото место е присутна и брзата помош. Очевидци за „Макфакс“ раскажуваат дека пожарот е најверојатно меѓу куќа и продавница за гуми и останата опрема. Присутни се екипи на противпожарната служба што се обидуваат да го изгаснат пожарот. Облаци чад ги вознемирија минувачите. Неофицијално еден е повреден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Ќерка ја истепала мајка си во центарот на Скопје, оштетила и дел од покуќнината

Вчера во 20.30 часот, 61-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзината ќерка, 40-годишната М.К. од Скопје, која оштетила и дел од покуќнината.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца бугарски државјани уапсени на граничниот премин Табановце, кај нив била пронајдена марихуана

Вчера во 05.30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода 22-годишниот Д.И. и 23-годишната Х.Д.М, двајцата од Република Бугарија, за тоа што при гранички проверки на автобусот со бугарски национални ознаки, со кој допатувале, кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети.
Известен бил јавен обвинител, а лицата биле предадени во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Тешко повреден малолетник во сообраќајна незгода во Дебар

Вчера околу 18.20 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на улицата „Мојси Големи“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од У.Ц.(53) од Дебар и електричен тротинет, управуван од малолетник од Дебар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Дебар.