Регион
Филе: ЕУ треба цврсто да го прегрне Западен Балкан
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе во петокот во Дубровник го поддржал натамошното проширување на Европската унија (ЕУ) и порачак дека е време Унијата „цврсто да го прегрне“ Западен Балкан.
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе во петокот во Дубровник го поддржал натамошното проширување на Европската унија (ЕУ) и порачак дека е време Унијата „цврсто да го прегрне“ Западен Балкан.
„Време е цврсто да го прегрнеме Западен Балкан. Процесот на проширувањето е најуспешниот трансформациски механизам“, изјавил Филе на панел дискусијата „Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ“, на деветиот Croatia Forum во Дубровник.
Тој навел дека процесот на проширувањето „не е на автопилот, туку со него мора да се управува“ и ја истакнал важноста на зајакнувањето на веродостојноста на земјите кандидати.
Филе признал дека во Унијата гласно се говори за заморот од процесот на проширувањето, а една од причините е тоа што ЕУ на долг рок се соочува со финансиска и економска криза. Од овие причини, според Филе процесот на проширувањето, политички паднал во втор план, пренесува Hina.
Еврокомесарот сепак нагласил дека треба да се направи се што е можно за на ова прашање да се гледа како на „дел од решението, а не од проблемот“.
Словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак изјавил дека процесот на проширувањето е длабок политички процес кој нема да биде завршен без вклучувањето на Западен Балкан.
„Се работи за волјата за усвојување на реформи и градењето на модерно општество. ЕУ е атрактивна и релевантна. Членството ви дава место на масата, а не на менито“, сликовито објаснил Лајчак, потенцирајќи дека клучна работа за напредокот на Западен Балкан е соработката меѓу соседните земји.
„Регионалната соработка мора да се зајакне за да покажете дека се вклопувате во европското семејство“, рекол Лајчак.
Според него, ЕУ мора да ги одржи земјите од регионот „позитивно мотивирани“, за успешно да продолжат со реформите.
Хрватската министерка за надворешни работи Весна Пусиќ пак, рекла дека евроскептицизмот е присутен и во земјите кандидати и во старите земји членки.
„Старите членки имаат своја јавноста која од различни причини се сомнева во проширувањето“, изјавила хрватската министерка, додавајќи дека старите и новите членки од една страна, а кандидатите од друга страна, не се „спротивставени страни“ и дека преку нивното сојузништво и заедничката соработка, ќе се направи еден нов исчекор во ЕУ.
Според Пусиќ, „евроскептицизмот мора да се замени со еврореализам“, но предупредила и дека одбивањето на ратификацијата на Договорот за асоцијација во само еден од 28-те парламенти на земјите членки би ја променило ЕУ на долг рок./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

