Контакт

Црна хроника

Фатени тројца крадци од Арачиново, извршиле 14 кражби и украле над 650.000 денари

Објавено пред

Фатени тројца крадци од скопското село Арачиново, на возраст од 18 и 19 години, кои извршиле 12 кражби и две кражби во обид, и украле вкупно 666.412 денари, соопшти Министерството за внатрешни работи. За девет месеци извршиле 14 тешки кражби противправно „заработувајќи“ над 650.000 денари

dobivaj vesti na viber

Кривичните дела ги извршиле на подрачје на Гази Баба во временскиот период од март до декември минатата година, и тоа во 13 случаи во општина Арачиново, од кои 10 се тешки кражби во куќи, една е во обид, една во пошта, и две во моторно возило (една во обид), како и една тешка кражба во куќа во населбата Ченто.Тешките кражби во куќи ги извршувале најчесто во попладневните и вечерните часови кога сопствениците не биле присутни во своите домови, при што во пет случаи кривичните дела ги извршиле така што насилно ги отворале влезните врати од куќите, во два случаи со помош на алат и физичка сила ги отворале балконските врати, додека во три случаи со погоден предмет насилно делувале меѓу крилото и касата на прозорец. Во еден случај влегле во куќа со кршење на цилиндарот на бравата од влезната врата. По извршено претурање и пребарување во објектите одземале техничка стока, златен накит, златници и алат за работа.Тешката кражба во поштата во село Арачиново, пак, е извршена на тој начин што насилно со употреба на погоден предмет ја пресекле фиксната заштитна решетка, направиле отвор, а потоа насилно го отвориле прозорецот. По извршеното пребарување одзеле една метална каса – сеф марка „ЕМО Охрид“ во кој имало 17.412 денари, уплатници со вредност од 33.000 денари, разни документи и предмети сопственост на поштата. Сефот го натовариле во рачна количка, го истуркале во близина на отвореното игралиште во село Арачиново, каде од еден објект успеале да искористат електричен напон и со помош на електрична брусалка го отвориле и ги одзеле парите и останатите предмети. Сефот со патничко моторно возило го однеле  во атарот на село Грушино, каде го фрлиле во шумата покрај локалниот пат. Двете тешки кражби во моторни возила ги извршиле со насилно отворање на предната хауба од возилата при што во еден случај украле еден акумулатор .Еден дел од противправно одземените предмети ги чувале во станот на еден од осомничените, додека пак златниот накит и златните пари  за  пониски цени, ги продале во златарски дуќан лоциран во Старата скопска чаршија, а добиените парични средства ги потрошиле за свои потреби. Исто така, дел од противправно одземените предмети (телевизори и алати) ги дале на три лица од село Арачиново за да подмират претходни парични долгови.При претрес во нивните домови пронајдени се дел од предметите од кражбите и им се вратени на оштетените.  Извршен е разговор со двајца од крадците, додека по еден од нив како и трите лица кај кои се оставени дел од предметите, заради подмирување на претходни долгови се распишани локални потерници. Инаку, од тројцата пријавени, само крадецот по кој трага полицијата е регистриран сторител на  кривични дела од областа на имотните деликти за што во 2012 година од страна на СВР Скопје му е поднесена  кривична пријави. Против тројцата се поднесени кривични пријави за тешка кражба и кражба во обид./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Насилство зад затворени врати: Закани, туркање и физички напад кај две скопски семејства

Објавено пред

Два одделни случаи на семејно насилство биле пријавени во Скопје, информираат од полицијата.

dobivaj vesti na viber

На 21 декември 2025 година, 51-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Центар, нејзиниот сопруг З.А. (66) ѝ се заканувал со остар предмет, по што го турнал нивниот 22-годишен син и му упатувал закани.

Во вториот случај, денеска (22 декември 2025 година) во 09:50 часот, во Полициска станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со Б.К. (41) од Скопје. Се постапувало по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Драчево физички ја нападнал својата 37-годишна сопруга.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Фото: Depositphotos

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Сообраќајна кавга завршила со тепачки и оштетени возила во Скопје

Објавено пред

Два одделни случаи на физички напади биле пријавени вчера во СВР Скопје, информира МВР.

dobivaj vesti na viber

Првиот случај бил пријавен околу 10 часот, кога на С.М. (47) од Скопје кој се движел со патничко возило од Јурумлери кон населбата Драчево, две возила му го попречиле патот. Според пријавата, од возилата излегле М.С. и уште неколку лица, кои физички го нападнале, при што употребиле и тврди предмети, а било оштетено и неговото возило.

Вториот случај бил пријавен истиот ден во 16:15 часот. Х.Т. (31) од Скопје пријавил дека околу 12:40 часот, на Средно Водно, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице.

Од МВР информираат дека во двата случаи се преземаат мерки за целосно расчистување на настаните.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Кражба во Кочани: му ја украл картичката од дома и извадил 90.000 денари од банкомат

Објавено пред

Од

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против О.С.А.(41) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и за „соизвршителство“ во врска со „оштетување и неовластено навлегување во компјутерскиот систем“ и против Д.К.(35) од Штип и С.М.(38) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со „оштетување и неовластено навлегување во компјутерскиот систем“.

dobivaj vesti na viber

На 29.10.2025 од куќа на лице од Кочани, првопријавениот одзел паричник со пари, лични документи и платежна банкарска картица. После тоа, тој ја дал картичката на второпријавениот, кој заедно со третопријавениoт од банкомат во Кочани извршиле три успешни трансакции од по 30.000 денари или вкупно 90.000 денари, а направиле и дополнителен обид за трансакција кој бил неуспешен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

Мисајловски: Буџетот за одбрана за 2026 е 358 милиони евра, што е 8,4 проценти повеќе од годинава

Стабилно буџетирање, дополнителен стимул во процесот на модернизација и целосното почитување и унапредување на правата и обврските кон вработените, се...

Македонија55 минути

Мицкоски: Зголемувањето на минималната плата мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавците

Целта на Владата е да создаде посилна економија која отвора нови работни места и обезбедува достоинствен животен стандард за секој...

Македонија3 часа

Трамп менува 30 амбасадори, меѓу кои и Агелер

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп заменува 30 дипломати од кариера од амбасадорски и од други позиции во амбасадите, меѓу...

Македонија3 часа

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство

Македонија се најде на третото место во Европа според стапката на убиства на жени извршени од партнер или член на...

Европа5 часа

(Видео) Руски генерал убиен во Москва

Руски генерал е убиен во експлозија во Москва, потврдија руските власти. Рускиот истражен комитет соопшти дека генерал-потполковник Фанил Сарваров е...

Топ5 часа

Американски државјанин истепал полицаец пред ноќен клуб во Градскиот парк: кај Американецот пронајдени поголемо количество оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени...

Свет6 часа

(Видео) Сојузник на Трамп: Ако Путин го отфрли мировниот договор, мора да одиме до крај

Републиканскиот американски сенатор и сојузник на претседателот Доналд Трамп, Линдзи Греам, изјави дека Вашингтон треба драстично да го зголеми притисокот...

Европа7 часа

Батлер во Елисејската палата крадел садови и порцелан: сакал да ги продаде на интернет

Главниот послужувач задолжен за среброто во Елисејската палата е уапсен под сомнение за кражба на вредни садови и порцелан, а...

Свет7 часа

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд. „Џеф...

Македонија7 часа

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри...

Свет16 часа

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија20 часа

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија23 часа

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ1 ден

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија1 ден

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија1 ден

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет1 ден

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...

Македонија2 дена

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија2 дена

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...

Македонија2 дена

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо...