Регион
Уште еден косовски Албанец загина во Сирија
Млад Албанец од косовскиот град Гњилане бил убиен од снајперски истрел некаде на боиштата во Сирија, објавија џихадистичките портали без да наведат други детали, освен дека момчето кое го именуваат како Патриот Матоши се борел во редовите на муџахедините на Исламската држава (поранешната Исламска држава во Ирак и на Левантот – ISIL) во Сирија.
Како што пишува порталот Ummeta, близок на радикалните исламистички групи во БиХ и на Балканот, Матоши пред заминувањето во Сирија бил ученик на гњиланската медреса, а приштинските медиуми наведуваат дека бил „миленик на локалниот имам Зекрија Цази“. Се наведува и дека Лаврдим Муџахери, кој стана познат откако на интернет објави фотографии на егзекуција момченце во Сирија, бил сменет од местото командант на албанските борци кои се борат на страната на џихадистите. На негово место бил поставен извесен Ридван Хакифи. Според порталот, во редовите на џихадистите на Исламската држава во Ирак и во Сирија се борат неколку стотини доброволци од Балканот, вклучително и околу 150 Албанци.Косовската полиција соопшти дека во понеделник наутро уапсила 40 лица ширум Косово под сомнение дека учествувале во борбите во Сирија и Ирак и дека поддржувале терористички организации. Осомничените од Приштина, Пеќ, Гњилане, Урошевац, Призрен и Косовска Митровица, уапсени се по процената дека нивното делување ја загрозува националната безбедност и заштитата на уставниот поредок.Во соопштението беше наведено дека уапсените се приведени на вкупно 60 локации ширум Косово под сомнение дека сториле кривично дело против уставното уредување и безбедноста на Косово. Од косовската полиција додаваат дека акцијата ќе продолжи.Во јануари годинава порталот на алабански јазик Portalb јави дека 22-годишниот Алим Османи од Скопје е четвртиот Албанец од Македонија кој загина во Сирија борејќи се на страната на Слободната сириска армија (FSA) против војската на владата на сирискиот претседател Башара ал-Асад. Веста тогаш ја потврдија неговите најблиски кои изјавиле дека Османи заминал во Сирија во средината на минатата 2013 година за да им се придружи на бунтовниците кои се борат против власта на Асад.Османи е четврт Албанец од Македонија, кој заина во војната во Сирија. Во мај 2013 година беше убиен 28-годишниот Расим Зеќири од гостиварското село Беловишта, кој подолго време живеел во Австрија. Осум месеци пред да биде убиен заминал за Сирија и се борел на страната на Џабха ал Нусра односно Фронтот ал-Нусра. Потоа беше убиен оџата од Скопје, Сами Абдулахи. Тој загинал во жестоките борби меѓу сириските бунтовници и милициите на Курдите во Сирија кон средината на јули кај Рас ал-Аин каде им беше нанесен тежок пораз на борците на движењата Фронтот ал-Нусра во кој според разузнавачки информации се борат и платеници и исламски фундаменталисти од Босна и Херцеговина, јужна Србија, Косово и Македонија.Што се однесува до регионот, пак, кон крајот на ланскиот февруари загина и 23-годишниот етнички Албанец Мират Ахмети од селото Велики Трновац кај Бујановац, во јужна Србија кој според локалните медиуми бил убиен во борбите во Сирија. Пред да замине на фронтот во Сирија тој бил одличен ученик и успеал да се запише на студии по теологија на престижниот исламски универзитет Ал Ажар во египетската престолнина Каиро, а на сириските бунтовници им се придружил заедно со други негови колеги од трета и четврта година на студиите.Медиумите претходно јавуваа и за убиени Албанци од Косово, во борбата против режимот на претседателот Башар ал-Асад, а ваквите вести оставија сомнение дека во Сирија има и други групи Албанци кои војуваат против Асад во Сирија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник
Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.
„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада
Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.
Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.
За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Регион
Изгласана новата влада на Хрватска: Пленковиќ по трет пат стана премиер
Пратениците во хрватскиот Сабор вечерва гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ. За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Претседателот и членовите на Владата потоа дадоа заклетва пред пратениците, со што Андреј Пленковиќ го започна третиот последователен мандат како премиер.
Во Собранието денеска беше претставена четиригодишната програма на новата Влада, која се заснова на „успешна, витална, праведна, одржлива и суверена Хрватска“.
Во новиот мандат, владата на Пленковиќ најавува просечна нето плата од 1.600 евра, минимална бруто плата од 1.250 евра, како и отворање на 125.000 нови работни места.
До крајот на мандатот на новата влада, пензиите треба да се зголемат за најмалку 30 отсто, со што просечната пензија би изнесувала најмалку 750 евра.
Новата влада наместо досегашните 16 ќе има 18 министерства и седум потпретседатели.
Регион
Дачиќ и Весиќ: Човечки фактор е причина за судирот на возовите
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека причина за судирот на возовите во тунелот, во кој нема жртви, е човечки фактор, а министерот за транспорт Горан Весиќ изјави дека се повредени 13 патници, од кои четворица се однесена во ургентен центар.
– Возот помина низ безбедносното светло и удри во товарен воз кој чекаше дозвола да оди до станицата Овча – изјави Весиќ.
Дачиќ за новинарите изјави дека често има жртви во несреќи како оваа и дека е вистинска среќа што во денешниот судир нема жртви и што сите патници излегле од возот.
„Најважно е да нема жртви“, изјави Дачиќ за новинарите.
Началникот на Секторот за вонредни состојби на МВР, Лука Чаушиќ, кој излезе на местото на настанот заедно со министрите Дачиќ, Весиќ и директорката на претпријатието „Инфраструктура железнице Србија“ Јелена Танасковиќ, изјави дека во 18 часот и 42 минути добиена е дојава за судирот, по што на терен излегле вкупно 25 пожарникари.
– Пристигнувајќи на местото на настанот во 18 часот и 48 минути, констатирано е дека возот за итни случаи се судрил со патнички воз во тунелот на длабочина од 400 метри од влезот – изјави Чаушиќ.
Тој додаде дека четири лица биле извлечени низ тунелот за евакуација. Дачиќ рече дека најважна улога имаат пожарникарите, бидејќи лекарите од итната помош не можеле да дојдат до патниците.
Министерот за транспорт Горан Весиќ изјави дека деталите за несреќата ќе се знаат кога Комисијата „Железничка инфраструктура на Србија“ ќе објави официјален извештај, кој се очекува во текот на утрешниот ден.