Свет
Човекот кој ја предвиде победата на Трамп сега предвидува негов пад
Американскиот физичар и писател Алан Лајтман, кој меѓу првите ја предвиде победата на Доналд Трамп на претседателксите избори, сега предвидува дека Трамп во 2019 година ќе биде сменет, пишува „Дојче веле“.
Мали се шансите дека следната година однесувањето на американскиот претседател и неговата политика ќе се променат, но новиот состав на Претставничкиот дом во кој преовладуваат демократи и истрагата на специјалниот советник Роберт Милер за руското мешање во претседателската кампања, ќе доведе до негова смена, предвидува Алан Лајтман.
„Мислам дека е поверојатно дека ќе биде сменет, отколку дека нема да биде“ рекол Лајтман за ДВ.
Откако точно ги предвиде резултатите од сите претседателски избори 30 години наназад, Лајтман стана медиумски феномен, кога наспроти главните проценки, меѓу првите предвиде дека Трамп ќе победи на изборите за претседател на САД во 2016 година.
Сега, како што се наведува, тој е убеден дека Трамп од 2019 година ќе биде вклучен во борба да ја задржи својата претседателска позиција, борба за која големи се шансите да ја загуби.
Трамп досега можел да се потпре на републиканскиот Конгрес да го заштити од смена или разрешување од должноста, односно од процесот на политичко судење, кое, како што наведува, може да го покрене едно мнозинско изгласување во Претставничкиот дом.
„Републиканците го поддржуваа Никсон се додека доказите не станаа толку очигледни, што за нив стана огромен товар. Не велам дека нема да преживее, велам дека е мала веројатноста“ рекол Лајтман.
Тој нагласува дека веднаш штом се формира новиот Претставнички дом под мнозинска влада на демократите на 3 јануари идната година, смената на Трамп од теорија ќе премине во реалност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Не е тешко да се заклучи што разговарале Трамп и Путин во Алјаска
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев не добил никакви официјални информации за можни договори меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин во Алјаска, но дека имаат индикации за тоа што најверојатно било разговарано таму.
„На крајот, сите ќе дознаат сè, само е прашање на време. Но, имаме сигнали дека таму биле дискутирани клучни прашања“, објасни Зеленски, додавајќи дека првенствено мислел на прашањето за територијата.
Според него, овие преговори на крајот ѝ штетат на Украина и продолжуваат да го спречуваат Киев да ги брани сопствените позиции.
„Верувам дека проблемите со кои се справуваме денес се толку сложени токму затоа што веќе се дискутирани во некоја форма. Ако имале само еден состанок, не е тешко да се заклучи дека во Алјаска најверојатно разговарале за Донбас, што да се прави воопшто со привремено окупираните територии, а верувам и за замрзнатите руски средства“, рече украинскиот претседател.
Кремљ претходно извести за неодамнешната средба на Путин со претставниците на Трамп. Во исто време, Москва постојано изјавуваше дека Русија нема да го поддржи американскиот „мировен план“ ако тој значително отстапува од договорите наводно постигнати во Анкориџ. Деталите за овие наводни договори никогаш не се објавени, а нивното постоење досега е потврдено само од руската страна, пренесуваат медиумите.
Свет
Британскиот министер со критика до Трамп: „Би било лудост да се игнорира Кина“
Британскиот министер за трговија Крис Брајант денес изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп греши кога вели дека е опасно за Велика Британија да ги зајакне своите деловни врски со Кина.
„Да, греши. Секако, ние влегуваме во нашите односи со Кина со широко отворени очи“, рече Брајант, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека би било „искрено лудост за Велика Британија да го игнорира присуството на Кина на светската сцена“ и потсети дека Трамп треба лично да ја посети Кина во април.
Британскиот премиер Кир Стармер вчера се сретна со кинескиот претседател Шји Џјинпинг за време на неговата посета на Пекинг, кога беше договорена соработка меѓу двете земји во неколку области, а како резултат на средбата меѓу двајцата лидери, Кина ги откажа визите за британските граѓани.
Денес, Стармер ја продолжува својата посета на Кина, а со него отпатуваа и педесет британски бизнисмени, пренесува Танјуг.
Свет
Минималната плата во ЕУ: од 620 евра во Бугарија до 2.704 евра во Луксембург, според последните статистики
Службата за статистика на Европската Унија – Евростат денес објави дека 22 од 27-те земји на ЕУ објавиле минимални плати на 1 јануари, кои во 14 земји се над 1.000 евра.
Минималната плата е помала од 1.000 евра во Бугарија (620 евра), Латвија (780 евра), Романија (795 евра), Унгарија (838 евра), Естонија (886 евра), Словачка (915 евра), Чешка (924 евра) и Малта (994 евра).
Во осум земји, минималната плата е помеѓу 1.000 и 1.500 евра – Грција (1.027 евра), Хрватска (1.050 евра), Португалија (1.073 евра), Кипар (1.088 евра), Полска (1.139 евра), Литванија (1.153 евра), Словенија (1.278 евра) и Шпанија (1.381 евра).
Највисоки минимални плати има во Франција (1.823 евра), Белгија (2.112 евра), Холандија (2.295 евра), Германија (2.343 евра), Ирска (2.391 евра) и Луксембург (2.704 евра).
Кога се споредуваат минималната плата и куповната моќ, најдобро се рангирани Германија, Луксембург, Холандија, Белгија, Ирска, Франција, Полска и Шпанија.
Во втората група се вклучени Словенија, Литванија, Хрватска, Романија, Португалија, Грција, Кипар, Унгарија, Малта, Словачка, Бугарија и Чешка.
Латвија и Естонија имаат најлош однос помеѓу минималната плата и куповната моќ, според оваа статистика.

