Црна хроника
Две лица тешко повредени во судир на камион и автомобил
Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладнето се случила на локалниот пат с.Калишта кон с.Франгово-струшко помеѓу камион “ВМЦ“ и автомобил „Фиат Панда“.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот и сопатничката од автомобилот, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата “Свети Еразмо-Охрид“.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен криминалец од Струмичко осуден на три години и шест месеци казна затвор
Вчера во 23.40 часот во село Ангелци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода 22-годишниот Д.П. од село Ангелци.
Тој бил осуден на три години и шест месеци казна затвор за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“, а било баран по потерница за доиздржување на три години и два месеци од казната, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.
Црна хроника
Приведен дилер во Гостивар за издржување затворска казна од 18 месеци
Ноќеска во 01.10 часот на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.И.(29) од Гостивар поради сомнение за инволвираност во трговија со дрога и затоа што бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна.
Црна хроника
Осуденик нападнал полицаец во амбулантното одделение во затворот Идризово
СВР Скопје поднесе кривична пријава против З.П.(50) од Скопје.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Имено на 23.05.2024 во амбулантното одделение во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, пријавениот физички нападнал затворски полицаец при вршење службени дејствија.