Македонија
Од отров по скопските улици ќе настрадаше познатото куче Оги
Оги Шампионот (Ogi the Champ), кучето од Скопје кое има речиси 40 илјади следбеници на Инстаграм од целиот свет, вчера беше затруено откако по скопските улици случајно дошло во допир со храна во која бил оставен отров. Неговите сопственици велат дека во наредниве 24 часа неговата состојба е критична, иако тој полека се опоравува.

Во последниве два дена, масовни труења на кучиња имаше и во Аеродром и Ново Лисиче. Жителите пробуваа со часови да ги спасат затруените кучиња, а на социјалните мрежи вриеше од фотографии и снимки од агонијата што ја преживуваат кучињата откако ќе ја пробаат затруената храна. За жал, ниту едно од затруените кучиња не преживеа.
„Ситуацијата беше лоша, Оги испушташе крв од устата, а ветеринарот рече дека имало и жица ставена во храната. Мора да биде под надзор во следните 24 часа. Упатуваме апел да пазите каде ги шетате вашите миленици, бидејќи има навистина лоши луѓе кои расфрлаат отрови по улиците“, напишаа на Инстаграм сопствениците на Оги.

Оги стана популарен на социјалните мрежи и поради неговиот специфичен карактер, тој седи мирен додека го фотографираат и снимаат, но и поради креативноста на неговите сопственици кои прават исклучителни видеа од нивниот миленик на кои никој не може да остане рамнодушен. Заштитен знак му е црвената марама, а се продаваат и маички и капчиња со неговиот лик.
На Оги му посакуваме побрзо заздравување, а воедно апелираме граѓаните да ги следат советите од невладините организации за заштита на животните: да внимаваат додека ги шетаат своите миленици и да пријават доколку видат дека некој расфрла храна по улиците, бидејќи отровот е смртоносен како за животните, така и за луѓето, а неговото расфрлање претставува кривично дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Тренчевска до Дурмиши: Кажувате нема пари за 600 евра плата, а Владата се луксузира со народни пари
Пратеничката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јована Тренчевска, на денешните пратенички прашања, упати прашање до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, во кое посочи дека за две години владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека граѓаните, работниците, не им се на приоритената листа. Тренчевска нагласи дека наместо да ми се помогне на работниците и да им се обезбеди 600 евра минимална плата, власта со парите на граѓаните се луксузира. Во обраќањето Тренчевска го праша министерот Дурмиши дали не се срами како министер кој е одговорен за благосостојбата на работниците да кажува дека нема пари за 600 евра минимална плата, додека премиерот Мицкоски го користи владиниот авион за летување на Јадранско море, а работниците надвор протестираат за својот егзистенцијален минимум.
„Животот на граѓаните е сведен на преживување. Луксуз е да се живее достоинствено. Луксуз е да се наполни кошничката во маркет со основните прехранбени производи, луксуз е да се платат сметки за струја и комуналии, луксуз е да се оди на годиншен одмор.
За две години владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека граѓаните, работниците, не им се на приоритената листа.
Семејниот буџет на работникот е на минимум, а притисокот од цените расте. Ниту три минимални плати не се доволни за покривање на основните животни потреби“.
И во ова време кога синдикалната кошничка надминува 66.000 денари, кога една третина од месечните трошоци одат само за храна и пијалоци, кога родителите пресметуваат дали ќе има за струја, за школски прибор или за храна, оваа власт, вели Тренчевска, гледа само како повеќе да зграби од граѓаните, за да има повеќе за своите луксузи.
Зборуваме, додава таа, за 600 евра минимална плата за достоинствен живот на работниците, наспроти милионските криминални тендери и луксузирања на власта.
Како што оцени, Ккалитетот на животот на работниците е на дното а владата има обврска да обезбеди достоинствени плати, а не бизнис тендери.
Нагласи дека пари во Буџетот има.
„Ви дадовме предлог од кои ставки да се скрати, за да се обезбеди повисока минимална плата.
Ама треба да си скратите од луксузот, од вашата комфорност на грбот на работниците.
Еве ќе ви повторам – ако скратите 20-30% само од ставките 42 и 43/6 од Буџетот, за патни трошоци, за репрезентативен материјал, за патување, службени возила итн, ќе обезбедите околу 120 милиони евра.
Ајде, покажете доблест, покажете дека се грижите за работниците. Покажете волја и минимум почит кон оние кои ве гласале и благодарение на кои седите во овие удобни столчиња“.
„Па уште и нов авион ќе купувате, подготвени сте да дадете 300-400 милиони евра за нов авион, за нови туристички патувања и луксузирања, ама не и да ја зголемите минималната плата на 600 евра.
Жално. Немате никакво оправдување за оваа ваша неодговорност, и безобразно трошење на парите на граѓаните. Се се може кога се сака. Два пати го поднесуваме Законот за минимална плата и упорно се инаетите и не го прифаќате.Зошто? Затоа што е од СДСМ? Па сите ние сме избрани за да работиме за доброто на граѓаните.
Вашите први две години од мандадот ќе останат запаметени по криминални тендери и приватни бизниси, луксизирања, папаја, манго, пуста желба за еден нов авион“.
Македонија
Нови измами со лажни сообраќајки по телефон, лажни лекари и полицајци барале илјадници евра
Вчера во СВР Велес биле пријавени шест случаи на обиди за измами. Еден случај е пријавен во СВР Велес од 53-годишна велешанка, која пријавила дека машко лице се јавило на нејзиниот татко и му кажало дека неговата ќерка се здобила со тешки повреди, за што е потребно да се направи операција и побарал да донесе пари за интервенција во болница во Велес.
Останатите пет случаи се пријавени во ОВР Неготино, каде лица на возраст од 69 до 78 години, пријавиле дека машко лице им се јавило, им кажало дека членови на нивните семејства се здобиле со повреди и за да се изврши оперативен зафат потребно е да донесат пари.
Побараните суми достигнувале и до 35.000 евра, а лицето во неколку од случаите се претставувало како лекар или како полициски службеник. На некои од пријавителите им било побарано парите да ги однесат во здравствени установи во Скопје, а на други во болницата во Велес.
Сите пријавители се посомневале, ги контактирале своите блиски и сфатиле дека се работи за измама.
СВР Велес апелира до граѓаните да бидат особено внимателни при комуникација со непознати личности и сите сомнителни случаи да ги пријават во полициска станица. Исто така, полициските службеници и во претстојниот период ќе продолжат со засилено темпо да реализираат превентивни активности за заштита од измами, особено за повозрасната популација, со цел граѓаните да се информираат и едуцираат за опасностите од телефонските измами, како да ги препознаат и да не дозволат да бидат жртви на овој вид измами.
Македонија
Зелен хуман град: Јавна расправа за Луна паркот веднаш
Од моментот кога се почнати првите активности за обнова на Луна паркот до денес се сменија 4 градоначалници и помина повеќе од една деценија, ама исклучувањето на јавноста остана константно, истакнуваат од граѓанската иницијатива Зелен хуман град.
„Се чувствуваш ли дека имаш глас во одлуките што ги носи Градот? Дека твоето мислење може да ги обликува политиките што го обликуваат Скопје?
Скопјани сакаат Луна парк, ама ги прашал ли некој каков и колку голем Луна парк сакаат?
Ги прашал ли дали сакаат да ја наруши тој Луна парк основната функција на Градскиот парк – зелено прибежиште во изразено загаден град?
Замислете некој да се осмелеше да стави луда железница како во Дизниленд сред Централ парк во Њујорк?
Континуираната изградба, осветлувањето, големиот пешачки и автомобилски сообраќај и механичката бучава од реквизитите и луѓето кои ќе ги користат во текот на целата година би ги нарушиле природните живеалишта, би ги избркале птиците и животинките кои се во паркот“.
Спотред нив, поставувањето Луна парк со големи механички реквизити и возења во средината на Градскиот парк Скопје сериозно ќе го оштети биодиверзитетот на областа. Како што напоменуваат, природните екосистеми зависат од стабилност, ниски нивоа на бучава и минимално човечко вознемирување.
„Луна паркот има голема сентиментална вредност како место за спомени, дружење и рекреација на генерации скопјани. И тоа и мора да остане! Да се задржи во неговите постојни граници, да биде парк за деца, а не евтин Дизниленд. Стариот Луна парк беше направен исклучиво за деца до 10-годишна возраст, а не за возрасни.
Бараме итно да се организира јавна презентација на проектот и јавна расправа. Не може крупни проекти со потенцијал за штетни последици да се решаваат зад затворени врати“, реагираат од Зелен хуман град.

