Македонија
ПОЦ: Бесплатен паркинг за новогодишните празници

Отворените паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе работат до 15:00 часот, затворените паркиралишта и катната гаража до 18:00 часот, а шалтерите за издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работат до 16:00 часот, информираат од ПОЦ.
Оттаму додаваат дека сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ на 01.01. (вторник) и на 02.01.2019 година (среда) ќе бидат бесплатни за сите граѓани.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на
договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ, како што велат, ќе продолжи на 03.01.2019 година (четврток) со вообичаено работно време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Демократскиот сојуз: Европската Унија да ги деблокира евроинтеграциските преговори на Македонија

Во пресрет на посетата на Марта Кос на Македонија, Демократскиот сојуз ја повикува Европската Унија да ги деблокира евроинтеграциските преговори на Македонија, бидејќи „тоа е во согласност со геостратешките состојби и во интерес и на Македонија и на ЕУ“.
„Демократскиот сојуз од Еврокомесарката Марта Кос бара да направи мал чекор за деблокадата:
Прво, да предложи Советот на ЕУ да донесе заклучок дека идентитетските, историските и јазичните прашања не можат да бидат основа за блокада на евроинтеграциите.
Второ, Советот на ЕУ да донесе одлука дека Македонскиот јазик, по приемот на Македонија во ЕУ, ќе биде официјален (службен) јазик во ЕУ.
Трето, ЕУ да ја обврзе Бугарија да ги имплементира одлуките на Меѓународниот суд за човекови права од Стразбур, за Македонците во Бугарија да можат да се здружуваат за заштита на своите историски, идентитески и јазични обележја“, велат од ДС.
„Подолго време има изјави од претставници на ЕУ и Бугарија дека внесувањето на Бугарите во Уставот е последно барање, дека Македонскиот јазик е загарантиран, тоа го тврдат функционерите на СДСМ и дека идентитетските прашања не се дел од Преговорачката рамка.
Само да разјасниме, во Преговарачката рамка никаде не е спомнат Македонскиот јазик, освен дека преводот на директивите на ЕУ ќе се врши на Македонски јазик (тоа и досега се прави), а со годишните прегледи (протоколи) кои се дел од Преговорачката рамка, се отвораат идентитетските прашања, како и со договорот за добрососедски односи помегу Македонија и Бугарија .
Деблокадата е можна и зависи од ЕУ, а не од Македонија.
Во Македонија постои и политички и граѓански консензус за полноправно членство во ЕУ. Тоа е наш национален интерес“, се наведува во соопштението на ДС.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Раст на платите во образованието за над 12 проценти, нови училишта, спортски сали, изградба на факултетските објекти и зголемени стипендии

„Наследството во образованието што го оставија СДС и ДУИ беше катастрофално, образованието беше во длабок минус, учениците без учебници, наставниот кадар и стручниот персонал без достоинствени примања, а образовната инфраструктура целосно запоставена. За една година Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се започна со градење на модерен систем на образование кој ги вклучува сите чинители“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„За прв пат после 7 години, учебната година 2024-2025 се започна со испорачани учебници. И покрај краткиот рок, над еден милион примероци беа поставени на училишните клупи на првиот училишен ден.
– Испечатени над 100 нови наслови за средното стручно образование
– Изградба на 7 нови училишни објекти
– Реконструкција на 20 училишни објекти
– Изградба на 4 училишни спортски сали
– Студените добија нови згради, се одблокира изградбата на факултетските објекти на ФИНКИ и ФФК, инвестициски циклус од 2 милијарди денари.
Над 12% повисоки плати за наставниот кадар и стручниот персонал во основните и средните училишта, 14% повисоки плати на професорите на факултетите, потпишана согласност за раст на платите до 60% во следните 4 години.
Најголем влог во образованието со досега обезбедени 38 милијарди денари за образованието.
Во науката вложени се 680 милиони денари, така што во буџет за наука во 2025 година двојно повеќе во споредба со 2024 година.
Обезбедени 274 милиони денари за финансирање на иновативни научно – истражувачки проекти на јавните високообразовни и научни установи, МАНУ и компаниите кои соработуваат со академската и научната фела.
Проширен е опсегот на мерката субвенциониран студентски оброк и за сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од просечната нето минимална плата, но и за постдипломците.
Темелна реконструкција на два студентски дома во Скопје, „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Стив Наумов“ во вредност од 17 милиони евра,
– Модернизација на универзитетот „Мајка Тереза“, во вредност од 34 милиони евра,
– Министерството за образование и наука ќе ги покрива трошоците за учество на средношколци на меѓународни научни олимпијади,
– Обезбедени 50 милиони евра за 1570 стипендии за учениците кои ќе се запишат во дуални паралелки во средните стручни училишта.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инвестира во образованието со цел поквалитетно и модерно образование, структурирано според потребите на поединецот, пазарот на трудот и заедницата“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Марта Кос во Скопје на лидерскиот состанок ЕУ – Западен Балкан

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, денес и утре ќе престојува во Скопје, и ќе учествува на лидерскиот состанок ЕУ-Западен Балкан.
За попладнево е закажана тет-а-тет средба на еврокомесарката Кос со премиерот Мицкоски, по што ќе следи и билатерална средба со останатите делегации.
На лидерската средба ќе присуствуваат лидерите од Западен Балкан, како и на министри, високи претставници од Европската унија, регионални организации и меѓународни институции.
Во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во поширокото централно градско подрачје.