Свет
(Видео) Традиционални огнови во Холандија предизвикаа огнени торнада

Пожарникарите во Холандија ја поминале новогодишната ноќ гаснејќи повеќе огнени торнада кои биле предизвикани поради традиционални огнови во летувалиштата во Шевенинген, како и поради силниот ветер, пишува „Јуроњуз“.
Жителите секоја година градат клада со дрвени палети како дел од нивната традиција и се натпреваруваат со други населби.
Но, оваа година работите излегле од контрола, пламените, кои ги разнел ветрот, се претвориле во огнени торнада. Пожарите и торнадата предизвикале дожд од пепел над градот и запалиле покриви на згради и куќи, како и неколку автомобили. За среќа нема повредени, додаваат локалните медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фицо за присуството на парадата во Москва: Никој не може да ми наредува каде да одам или каде не можам да одам

Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој заедно со неговиот унгарски колега Виктор Орбан се смета за најголем „непријател“ на Украина во рамките на Европската Унија, во среда беше во официјална посета на Хрватска и имаше средби со премиерот Андреј Пленковиќ, претседателот на Парламентот Гордан Јандроковиќ и претседателот на Републиката Зоран Милановиќ.
„Го замолив премиерот да го охрабри обновувањето на протокот на гас низ Словачка“, рече Фицо, потсетувајќи дека Киев го прекина протокот на руски гас до Словачка преку Украина.
Премиерот Пленковиќ истакна дека Хрватска го зголемува капацитетот на терминалот за течен природен гас во Омишљ од 3,1 на 6,1 милијарди кубни метри гас и дека значително инвестира во гасоводна инфраструктура низ целата земја, што ќе овозможи диверзификација на изворите на овој енергетски извор за Централна Европа. Словачкиот премиер му се заблагодари за можноста за соработка во таа област, но додаде дека Братислава „е ориентирана кон увоз на стандарден гас“.
Од друга страна, Фицо рече дека денес Словачка добива 55 проценти од својата нафта преку нафтоводот „Адрија“ и дека е подготвена да го зголеми тој процент, и најави дека ќе побара претставниците на неговата влада да разговараат за ова со хрватската страна.
„Друга тема беше нелегалната миграција. Цениме сè што прави Хрватска кога станува збор за заштита на шенгенската граница, бидејќи хрватската полиција ја чува надворешната граница на Унијата и Шенген, која е долга дури и илјада километри. Во оваа смисла, понудивме можност да испратиме словачки граничари во Хрватска за да помогнат“, рече Фицо.
Кога станува збор за европската помош за одбраната на Украина од руската агресија, словачкиот премиер јасно изјави дека неговата влада нема да го финансира вооружувањето на украинската армија.
„Словачката влада нема да ѝ даде оружје на Украина и ние нема да учествуваме во финансиските механизми за набавка на оружје“, рече Фицо.
Словачкиот премиер во Загреб повтори дека и покрај незадоволството на Брисел, ќе оди во Москва и ќе учествува на воената парада на 9 мај по повод 80-годишнината од победата над нацизмот.
„Никој не може да ми наредува каде да одам или каде не смеам да одам. Секоја земја има своја историја, а Словачка е полна со гробови на војници на Црвената армија кои ја ослободија нашата земја во 1944 и 1945 година. Тоа е дел од нашиот генетски код – знаеме кој нè ослободи и никој не може да ни го одземе тоа. Не може да се каже дека ослободувањето дошло од Запад ако дошло од Исток“, рече Фицо.
Свет
Доктор во Берлин убил 15 пациенти, предизвикувал пожар во становите за да ги скрие трагите

Неименуван доктор по палијативна медицина од Берлин е обвинет за намерно убиство на петнаесет пациенти, соопшти денес Канцеларијата на државниот обвинител во Берлин.
„Претпоставуваме дека осомничениот убил најмалку петнаесет пациенти помеѓу 2021 и 2024 година“, соопшти државното обвинителство. Истражителите не исклучуваат дека бројот на жртви би можел дополнително да се зголеми за време на истрагата.
Осомничениот доктор е во притвор од август минатата година, првично обвинет за убиство на четири пациенти. За време на истрагата и прегледот на досиејата на пациентите, истражувачите дојдоа до нови заклучоци. По ексхумацијата и обдукциите на други починати пациенти, достигната е моменталната бројка од 15 смртни случаи, според медиумите во регионот.
Истражителите го пронашле докторот откако медицинскиот персонал на починатите пациенти ги посочил чудните околности. Се покажа дека 40-годишниот лекар предизвикал пожари во три станови на убиените пациенти за да ги скрие доказите за убиството.
Истражителите првично го истражувале палењето како причина за смртта, но за време на истрагата, патронажен лекар им го привлекол нивното внимание, а по обдукцијата било утврдено дека пациентите починале од смртоносна комбинација на лекови.
Истражителите како мотив ја наведуваат желбата за убивање. Со оглед на тоа што осомничениот лекар работел и во други сојузни држави, се стравува дека бројот на убиени пациенти би можел да биде уште поголем.
Понов случај е убиството на 25-годишна жена во нејзиниот стан во Берлин во септември 2021 година. Истражителите веруваат дека тој ѝ дал смртоносна мешавина од различни дроги со намера да ја убие. Покрај тоа, тој е осомничен за убиство на 57-годишна жена во јуни минатата година, исто така во нејзиниот стан во Берлин, каде што, според истражителите, ѝ дал смртоносна комбинација од лекови, пишуваат медиумите во регионот.
Свет
Трамп: Заспаниот Бајден беше најлошиот претседател, дозволи милиони криминалци да влезат во САД

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес повтори дека поранешниот американски претседател Џозеф Бајден бил најлошиот претседател во американската историја и дека дозволил милиони криминалци да влезат во земјата.
„Заспаниот Џо Бајден, најлошиот претседател во историјата на САД, им дозволи на милиони и милиони криминалци, многу од нив убијци, дилери на дрога и луѓе ослободени од затвори и ментални установи низ целиот свет, да влезат во нашата земја преку неговата многу опасна и лошо замислена отворена граница“ напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“.
Тој изјави дека се извинува, но дека негова работа е да ги избрка тие убијци и хулигани од САД.
„Затоа сум избран. Да ја направиме Америка повторно голема“, рече Трамп, пренесува Танјуг.