Европа
Меркел најпосле доби безбеден телефон

Германската канцеларка Ангела Меркел добила нов мобилен телефон, заштитен од прислушување, едена година откако избувна големата афера по откритијата на поранешниот разузнавач на американската Агенција за национална безбедност (NSA) Едвард Сноуден, дека и нејзиниот телефон како и милиони низ светот најмалку десет години вил цел на шпионирање на американските служби.
Како што пишува весникот Bild, германската канцеларка Ангела Меркел сега користи мобилен телефон „BlackBerry Q10“ опремен со ткн „крипто чип“ на германската компанија „Secusmart“. Заштитата од прислушување има своја цена, па така само тој заштитен чип чини 2.500 евра. Но за да се воспостави безбедна врска и соговорниците на канцеларката мора да зборуваат од мобилни телефони кои имаат вградени такви чипови.Канцеларката го избрала моделот „BlackBerry Q10“ со класична тастатура, иако и’ бил понуден и моделот „BlackBerry Z30“ со „тач скрин“, пишува весникот и додава дека Меркел не е единствениот светски државник кои се потпира на хардверот и софтверот на компанијата „BlackBerry“. Така, американскиот претседател Барак Обама, исто така, го користи мобилниот телефон на оваа канадска компанија, кој според германските медиуми најмалку три години занел за шпионирањето на неговата германска сојузничка. Американската Агенција за национална безбедност NSA, е осомничена дека ги шпионирала и странските челници на земји или влади, меѓу кои и мобилниот телефон на германската канцеларка, за што кон крајот на октомври 2013 година пишуваа германските медиуми. Der Spiegel на своето интернет издание ланскиот јули објави дека според документите со коишто располага NSA, Меркел се наоѓала на американската листа за прислушување уште од 2002 година, а била на неа и неколку седмици пред посетата на американскиот претседателот Обама на Берлин во јуни во 2013 година.Според извештајот на кој се повика Bild am Sonntag, следењето на Меркел било проширено не само на нејзиниот телефон кој го користела за контакт со нејзината партија, туку и нејзиниот владин мобилен телефон. Во NSA ги пресретнувале нејзините повици и пораки, а надвор од дофатот на прислушувањето на американската служба останала само фиксната телефонска линија во кабинетот на канцеларката.Цел на NSA, според Bild am Sonntag, бил и претходникот на Меркел, канцеларот Герхард Шредер. Програмата за прислушување на германските челници започнала во 2002 година во времето на американскиот претседател Џорџ В. Буш помладиот, откако германската влада откажала да учествува во воената кампања во Ирак. Оваа одлука на Берлин, наводно, поттикнало сомневање во Вашингтон во германското сојузништво. Според медиумите, и прислушувањето на Ангела Меркел започнало таа 2002 година, три години пред да стане канцеларка.Како што пишуваше Die Spiegel, во документите што ги поседува, исто така, се говорело и дека покрај NSA и американската Централна разузнавачка агенцијa CIA ги следела комуникациите на владиниот комплекс во Берлин од амбасадата на САД којашто се наоѓа во центарот на германската престолнина. Во зградата на амбасадата биле поставени современи антени со најголеми засилувачи, пишува весникот. Во документот датиран од 2010 година, произлегува дека истата опрема е инсталирана од страна на NSA и CIA во околу 80 градови во светот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Експлодира бензинска пумпа во Рим, неколку повредени, тројца со сериозни изгореници

Неколку лица се повредени, меѓу кои тројца со сериозни изгореници, по експлозија на бензинска пумпа во Рим, јавуваат медиумите.
#Últimahora 🚨 Sentida en #Roma una fuerte explosión originada en un depósito de combustible de #Centocelle. Hay varios heridos.#Rome #Italia #Italypic.twitter.com/DNyPh0Vr7e
— eSPAINews (@eSPAINews_) July 4, 2025
Силна експлозија на дистрибутивна станица за бензин, дизел и течен нафтен гас на Виа деи Гордијани се слушнала во целиот италијански главен град.
Локалниот портал „Рома тудеј“ објави фотографија, на која се гледа огромен облак од чад и пламен над бензинската пумпа.
BREAKING: A powerful explosion struck a fuel depot on Via dei Gordiani in Rome, Italy, injuring multiple people. pic.twitter.com/Aw0EM1dhEW
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) July 4, 2025
Агенцијата за јавен превоз во Рим, „Атак“, соопшти дека блиската метро-станица Теано е затворена по наредба на полицијата.
Европа
(Видео) Украинците со дронови нападнаа трафостаница во близина на Москва

Украина изврши напад со беспилотно летало врз областа Сергиев Посад во близина на Москва рано утрово, при што едно лице беше повредено и беше прекинато снабдувањето со електрична енергија во делови од верски значајниот центар, изјави раководителот на областа.
„Ги молам сите да останат смирени, да не се приближуваат до прозорците, да не ја фотографираат работата на воздушната одбрана“, напиша Оксана Јероханова во објава на апликацијата за пораки Телеграм.
Таа рече дека во округот – на околу 75 километри од Кремљ – биле пријавени најмалку четири експлозии и дека е оштетена трафостаница, оставајќи делови од округот без електрична енергија.
Drones strike Russia’s Sergiyev Posad in the Moscow region, with a power station among the damaged targets. pic.twitter.com/H2vVCwddql
— KyivPost (@KyivPost) July 4, 2025
Административниот центар на округот, градот Сергиев Посад, се смета за религиозен центар на Московскиот регион и духовно срце на Руската православна црква.
Руското Министерство за одбрана соопшти на Телеграм дека единиците за воздушна одбрана уништиле 48 украински беспилотни летала над пет руски региони преку ноќ. Министерството, кое известува само за бројот на беспилотни летала што ги уништиле неговите сили, а не за бројот на летала лансирани од Украина, не го наведе Московскиот регион како регион каде што биле соборени беспилотните летала.
Европа
(Видео) „Ова беше една од најлошите ноќи во Киев досега“, вели украинскиот министер за надворешни работи

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека синоќа во Киев било „апсолутно ужасно и бессоно“ и „едно од најлошите досега“, откако Русија започна масовен, повеќечасовен ракетен и напад со дронови, врз украинската престолнина.
„Стотици руски дронови и балистички ракети паѓаа врз Киев“, објави Сибиха на платформата Икс.
Absolutely horrible and sleepless night in Kyiv. One of the worst so far.
Hundreds of Russian drones and ballistic missiles rained down on the Ukrainian capital.
Right after Putin spoke with President Trump. And he does it on purpose.
Enough of waiting! Putin clearly shows… pic.twitter.com/R0mlfUgJRx
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) July 4, 2025
Тој додаде дека нападот бил извршен веднаш откако рускиот претседател Владимир Путин разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, заклучувајќи: „И тој го прави тоа намерно“.
„Доста чекање. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции“, рече тој. Сибиха ја повика меѓународната заедница да престане да чека и решително да реагира.
„Путин јасно покажува целосно непочитување кон САД и сите оние кои повикаа на крај на војната. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции. На Украина мора да ѝ се дадат сите потребни средства за нејзина одбрана“, рече тој.
Тој, исто така, предупреди дека одлуките што одложуваат можат само да го охрабрат агресорот да продолжи со теророт, заклучувајќи: „Секој криминален режим во светот сега внимателно ги следи потезите и реакциите на Путин на нив. Ако се извлече со ова, пораката ќе им биде јасна на сите. Престанете да чекате мир. Дејствувајте за да го постигнете. Мир преку сила“.
Киев синоќа беше под интензивно гранатирање со часови. Руските сили нападнаа најмалку 13 локации во градот, а според градоначалникот Виталиј Кличко, повредени се најмалку 19 лица, од кои 14 се хоспитализирани.