Црна хроника
Едно лице загина, а повеќе од 20 се повредени во 29 сообраќајни несреќи во Скопје
Во текот на изминатите три денови, односно на 31 декември, 1 и 2 јануари во Скопје се случиле вкупно 29 сообраќајни незгоди од кои една сообраќајна незгода со загинати лица, три со тешки телесни повреди, една железничка незгода со тешки телесни повреди, 10 сообраќaјни незгоди со телесни повреди и 14 со материјална штета, информираат од полицијата. Во сообраќајните незгоди едно лице го загубило животот, четири лица се здобиле со тешки телесни повреди и 18 лица се здобиле со телесни повреди.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 61 возач во изминатите три дена управувал возило со брзина поголема од дозволената, инфомираат од МВР. Од сообраќај, додаваат оттаму, исклучени се 26 возачи од кои: седум возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 16 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца возачи затоа што биле возачи – почетници.
Исто така, посочуваат од МВР од сообраќај се исклучени и 19 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се 15 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, 12 возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, 12 поради неносење пропишана зимска опрема, четворица поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 12 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во текот на изминатиот ден издадени се и 44 мандатни платни налози и 16 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Со нож усмртил жена и телото го закопал во дворот – расчистено свирепо убиство во Штип, поднесена е кривична пријава против едно лице
СВР Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против Д.А (74) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство” по член 123 и “противправно лишување од слобода” по член 140 од Кривичниот законик.
Toj се сомничи дека во домот во кој живее во Штип без нејзина волја ја држел Б.Н.(79) од Штип, а потоа со остар предмет и нанел убодни рани од кои починала, по што телото го закопал во дворот.
Имено, на 24.10.2025 во СВР Штип, Д.О.(84) од Штип пријавила дека од домот се оддалечила нејзината сестра Б.Н. По преземени мерки, а поради сомнение дека противправно ja држел во неговиот дом, на 10.11.2025 со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени и одземени повеќе предмети и траги од крв. По претресот, тој бил лишен од слобода и му била изречена мерка притвор во траење од 96 часа и бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Куманово.
По дополнително преземени мерки и добиено вештачење на одземените траги и предмети, во СВР Штип повторно е извршен разговор со Д.А. во кој тој детално го појаснил начинот на кој го извршил убиството.
Телото е пронајдено и по наредба на јавен обвинител било дадено на обдукција, а Д.А. бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определи мерка притвор во траење од 30 дена, стои во соопштението на МВР.
Црна хроника
Обвинение за ширење омраза и дискриминација
По спроведена претходна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот 67-годишен жител на Неготино, на 20 октомври на профил и страница на социјална мрежа споделувал видео снимка со која поттикнал омраза и дискриминација против лица врз основа на нивната етничка припадност. Во снимката користел повеќе навредливи зборови кон припадниците на ромската националност и повикувал да им се забрани да гласаат на избори, информираат од обвинителството.
Црна хроника
Група од шест лица физички нападнале 15-годишник во Аеродром
Вчера во СВР Скопје, М.Ј.(49) од Скопје пријавила дека претходниот ден околу 22:15 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 15-годишен син бил пресретнат од шест лица на возраст од 17 до 20 години.
Едниот од нив му се заканил и му побарал пари, но откако не нашол пари кај детето, физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

