Спорт
Тотенхем му нудат двојно поголема плата, тој сакал да игра во Шпанија
Фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ериксен, го одложувал потпишувањето на новиот договор, иако од клубот му понудиле двојно поголема плата, односно му понудиле плата од 140.000 фунти неделно.
Според англиските медиуми Ериксен ги влечел со преговорите би…
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/01/b454f99f7a54e962fa3948c095b596ea.jpg)
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/01/b454f99f7a54e962fa3948c095b596ea.jpg)
Фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ериксен, го одложувал потпишувањето на новиот договор, иако од клубот му понудиле двојно поголема плата, односно му понудиле плата од 140.000 фунти неделно.
Според англиските медиуми Ериксен ги влечел со преговорите бидејќи сакал трансфер во Шпанија, односно во Реал или Барселона.
Актуелниот договор на Данецот со Тотенхем истекува во јуни 2020 година, што значи дека во летниот преоден рок ќе биде трансфер цел на овие два тима. И покрај интересот на Реал и Барселона Тотенхем немаат намера да се откажат од Ериксен.
Данецот игра за Тотенхем од пред пет години, кога за 12 милиони евра во Лондон пристигна од Ајакс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Ферстапен победи во Шпанија пред Норис и Хамилтон
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/12320773.jpg)
Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен победи на Шпанското ГП. Второто место го зазеде Ландо Норис за Мекларен, додека трет заврши асот на Мерцедес Луис Хамилтон.
Стартот на Големата награда на Шпанија беше највозбудиот дел од трката. Трката со брилијантен потег ја отвори возачот на Мерцедес Џорџ Расел – стартуваше од четвртото место, но веќе во првиот свиок се проби на челната позиција.
Сепак, водството на Расел беше краткотрајно, бидејќи Ферстапен го стигна и го престигна на почетокот на третиот круг.
Од тој момент, актуелниот шампион го диктираше темпото и беше во водство, освен кога менуваше гуми.
Норис, влезе во борба со пилотите на Мерцедес, стигна до втрото место, но не успеа да му се доближи на Ферстапен.
Зад најдобрите тројца се пласираа Џорџ Расел од Мерцедес, двоецот на Ферари Шарл Леклер и Карлос Саинц, Оскар Пјастри (Мекларен), Серхио Перез (Ред Бул), а во Топ 10 беа и полотите на Алпин Пјер Гасли и Естебан Окон.
Спорт
УЕФА одлучи: Два меча суспензија за Даку по навредите за Македонците и Србите на Европското првенство
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/daku-2.jpg)
Албанската фудбалска федерација соопшти дека УЕФА му ja изрекла забраната на албанскиот репрезентативец, Мирлинд Даку. Тој доби два меча суспензија откако ги наведе навивачите на националистички скандирања, пренесе „Асошиејтед прес“.
Даку зеде мегафон по ремито 2-2 на Албанија со Хрватска во средата во Хамбург и извика:„Е*и ги Македонците…, е*и ги Србите…“
Албанската федерација, исто така, соопшти дека УЕФА изрекла казни во вкупна вредност од 47.250 евра (50.500 американски долари) за инцидентите на натпреварот, кога албанските и хрватските навивачи извикуваа антисрпски пароли.
Српската фудбалска федерација по инцидентите објави дека ќе го напушти турнирот доколку УЕФА не казнува.
Албанија ќе го игра решавачкиот натпревар од групната фаза во понеделник против Шпанија.
Спорт
Марej се повлече од Вимблдон
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/m.jpg)
Енди Мареј, некогашниот тенисер број еден во светот, сепак нема да игра на Вимблдон.
Тој во саботата мораше да оди на операција на циста и тоа е причината да не биде на третиот Грен слем сезонава.
Мареј играше оваа недела на турнир во Квинс, но мораше да му отстапи меч од второто коло на Џордан Томпсон.
Според првите информации, тој ќе има пауза од шест недели, па под знак прашалник е и неговото учество на Олимписките игри во Париз.
“По операцијата на цистата на ‘рбетот, за жал, Енди Мареј нема да биде на Вимблдон. Заздрави и одмори се Енди, на сите ќе ни недостигаш таму”, изјавија организаторите на турнирот.