Спорт
Клоп: Треба да има крв за Компани да доби црвен картон?
Јирген Клоп, тренерот на Ливерпул, бил незадоволен од судењето на натпреварот против Манчестер сити. „Црвените“ во Манчестер го претрпеа првиот пораз во сезоната (2:1), а Германецот по мечот прашал дали треба да има крв на теренот за некој играч да доб…
Јирген Клоп, тренерот на Ливерпул, бил незадоволен од судењето на натпреварот против Манчестер сити. „Црвените“ во Манчестер го претрпеа првиот пораз во сезоната (2:1), а Германецот по мечот прашал дали треба да има крв на теренот за некој играч да добие црвен картон.
„Го сакам Компани како играч, но како за она не доби црвен картон?Беше последен играч во линијата и со лизгачки старт влезе во Салах. Доколку ударот беше посилен ќе останевме без Мо до крајот на сезоната. Дали ние потребна крв?“, прашал Клоп.
„Во одредени моменти немавме среќа. Сити беа миленици на среќата. Па, Сане постигна гол од слична ситуација од која Мане го погоди дирекот. Кога нема да постигнеш гол од таква шанса најчесто следува казна на другата страна“, дополнил Германецот.
Ливерпул, по 21.коло, се лидери во Премиер лигата со 54 бода, четири повеќе од Манчестер сити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Дончиќ и Далас во финалето на Западот
Кошаркарите на Далас ја победија Оклахома со 117:116 и се пласираа во финалето на Западната конференција.
Маверикс со вкупен резултат 4:2 го победија Тандер, тимот кој регуларниот дел од сезоната го заврши на првото место на Западот.
Победничките поени за Далас ги постигна Пи Џеј Вашингтон од линијата за слободни фрлања на 2,5 секунди до крајот, поточно го погоди првото, а намерно го промаши второто, а во преостанатото време играчите на Тандер имаа само време да шутираат од својата половина и не успеаја да реализираат.
Оклахома пропушти голема шанса да избори мајсторка бидејќи во третата четвртина имаше предност од 17 поени.
Херој на Маверикс, како и обично, беше фантастичниот Словенец Лука Дончиќ, кој блескаше и оствари трипл-дабл со 29 поени и по 10 скока и асистенции.
Трагичар на Оклахома беше нејзиниот најдобар играч, Шај Гилџис-Александер, кој го фаулираше Вашингтон. Најефикасниот кошаркар на натпреварот постигна дури 36 поени.
Спорт
(Видео) Усик го победи Фјури – Светот доби апсолутен шампион во тешка категорија
По 24 години светот на боксот има апсолутен шампион во тешка категорија. Тоа е Украинецот Александар Усик, кој по 12 извонредни рунди го совлада Британецот Тајсон Фјури во долгоочекуваниот меч.
Двајца судии гласаа за Усик (114-113 и 115-112), а еден за Фјури (114-113).
Усик тргна подобро, беше поагресивен во почетната фаза од мечот, но во шестата рунда се чинеше дека Украинецот е многу далеку од победа бидејќи беше разнишан од одличните комбинации на „кралот на циганите“.
Сепак, во деветтата рунда, Усик покажа зошто е еден од најголемите борци на својата генерација и со фантастичен бокс и различни притисоци, го нокаутира својот ривал.
Можеби судијата тука требаше да го прекина мечот, затоа што Фјури доби голем број на удари без активно да се брани и возврати. Гонгот на крајот од рундата го спаси видно дезориентираниот Фјури, а се чинеше дека Украинецот ќе успее да дојде до престана победа во следната рунда.
Сепак, Фјури „преживува“ до крајот на 12. рунда, но Украинецот победи на поени.
Борбата се одржа пред преполната „Кингдом арена“ во Ријад, а Усик сега е сопственик на сите главни титули на денешницата, во верзиите на ВБА, ВБЦ, ИБФ, ВБО (како и помалку значајната ИБО), титулата на списанието „Ринг“, како и титулата линеален шампион на светот.
Усик има совршени 22-0 како професионалец.
HOW did Tyson Fury survive this from Oleksandr Usyk 🤯 pic.twitter.com/49IbID0yNl
— Happy Punch (@HappyPunch) May 18, 2024
Спорт
(Видео) Аталанта избори место во ЛШ
Аталанта следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Тимот од Бергамо на тој начин им се приклучи на Интер, Милан, Јувентус и Болоња со оглед дека Италија ќе има пет претставници во елитата.
Аталанта во претпоследното коло победи во Лече со 2:0.
Гостите пропуштија можности преку Пашалиќ во шестата, Скамака во 27. кога ја погоди гредата, Запакоста во 39. минута …
Сепак, во вториот дел, тимот од Бергамо постигна два гола, поведе преку Де Кетеларе во 48. минута, а само пет минути подоцна Скамака го постави конечниот резултат.
На две кола пред крајот Аталанта има шест бода повеќе од шестопласираната Рома, но и подобар меѓусебен скор, па теоретски си го обезбедија пласманот во Лигата на шампионите, додека Лече е во сигурната зона.