Свет
Во училиштата во Кенија ќе се учи кинески јазик

Кенија воведува настава по кинески јазик во своите училишта од наредната година за да ја подобри конкурентноста на земјата и да го олесни подобрувањето на трговијата и поврзувањето со Кина, пишува порталот „Кварц“.
Институтот за развој на наставните програми на Кенија (KICD) рече дека програмата на кинески, односно мандарински јазик е завршена и ќе биде воведена во 2020 година. Учениците во основните училишта од четврто одделение па натаму ќе можат да го изберат овој изборен предмет, изјави директорот на Институтот за Џулиус Џван за кинеската новинска агенција „Ксинхуа“.
Џван го објасни воведувањето на кинескиот јазик во училиштата со глобалниот развој на овој јазик и сè подлабоките политички и економски врски меѓу Кенија и Кина. „Местото на Кина во глобалната економија стана толку силно што Кенија ќе има корист ако нејзините граѓани можат да го разберат мандаринскиот”, додаде тој.
Кенија не е првата африканска земја која воведува кинески јазик во училиштата поради растечките економски и политички врски со Кина. Тоа беше веќе направено од страна на Јужна Африка во 2014 година, а Уганда, исто така, планира да воведе мандарински – и тоа како задолжителен предмет – во средните училишта.
Ништо од ова не изненадува со оглед на фактот дека Кина ѝ позајми милијарди долари на Кенија, изгради железничката пруга во вредност од 3,2 милијарди долари меѓу главниот град Најроби и пристанишниот град Момбаса, одржува големи културни фестивали во оваа источноафриканска земја, а нејзините компании се вклучени во градежни проекти од автопати до станбени згради. Значајно е дека Кина токму во Кенија го отвори својот прв Конфучие институт, културна институција која има филијали во целиот свет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.
Свет
Убиецот на Кирк би можел да биде осуден на смрт со стрелање

Властите на Јута ќе бараат смртна казна за 22-годишниот Тајлер Робинсон кој се сомничи за убиството на соработникот на Доналд Трамп, политичкиот активист, Чарли Кирк. Јута е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуција со стрелање.
Можноста за барање најстрога казна претходно ја објави гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, кој изјави дека смртната казна е опција.
Јута, државата каде што се случи пукањето, е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуции со стрелање.