Македонија
(Видео) Мицкоски не сакаше да се обрати на протестот, присутните го опцуја

Учесниците на протестот против уставните измени пред Собранието не го убедија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да се обрати пред присутните. Тие се обидоа и со добро и со лошо да го убедат да се качи на бината, но не успеаја. Некои го молеа, а дел од учесниците и го пцуеја.
Кога пристигна пред Собранието, дел од учесниците на протестот го исвиркаа и го критикуваа дека дошол само за сликање пред медиумите и рекоа дека неговите намери не се искрени.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се приклучија на протестот на „Македонија блокира“ што почна во 12 часот. Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на седницата за уставни измени која е презакажана за во 16 часот.
„Денес е финалниот акт на овој срамен процес во кој Република Македонија е втурната од Зоран Заев и владејачкото мнозинство. До промена на уставното име се доаѓа преку акт на насилство врз процедурите, уцени и закани врз пратениците и нивни блиски. Ние нема да учествуваме во тој процес, на денешната седница нема да дадеме летимитет за промена на Уставот. Цврсто сме убедени дека тие се штетни и дека оставаат траен белег врз македонското национално единство. Имаме процес на промена на Уставот преку промена на уставното име до кое се доаѓа преку пазарења, драконски уцени и има масовна злоупотреба на обвинителството и судскиот систем”, изјави Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.