Скопје
Пуштена во употреба реконструираната улица број 5 во Сарај
Реконструираната улица број 5 во Сарај во среда свечено беше пуштена во употреба.
„Реконструкцијата на оваа улица беше од висок приоритет бидејќи станува збор за една од најфреквентните улици во Сарај, улица на која се сместени поголем број институции, како што се училиштето и градинката. Коловозот на оваа улица беше многу оштетен и на места раскопан по поставувањето на фекалната канализација. Сега, со овој зафат, улицата број 5 е реконструирана на должина од 600 метри и со ширина од 5 метри, на вкупна површина од 3.000 квадратни метри. Во текот на градежните работи стариот и оштетен асфалтен слој на оваа улица е отстранет, нанесен е тампонски слој и нов асфалтен слој“, рече Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.Градоначалникот на Општина Сарај, Беким Мурати изјави дека ова е уште еден проект којшто се реализира на територијата на Општина Сарај и е резултат на одличната соработка помеѓу градот и општината. Тој наведе дека како резултат на оваа соработка на почетокот на оваа година се реконструираше и главната улица во Шишево и изрази надеж дека ќе продолжи реализацијата на заедничките инфраструктурни проекти со кои ќе се подобри животот на жителите.За реконструкцијата на улица број 5 во Сарај Градот Скопје одвои околу 3 милиони денари.„Обновата на улицата 5 ќе придонесе да се подобрат условите за жителите во овој дел од општината Сарај и да се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот“, информираат од Град Скопје. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

