Црна хроника
Приведени 18 лица во вчерашните нереди во Ѓорче Петров

Министерството за внатрешни работи информираше дека за време на безредијата во скопската населба Ѓорче Петров кои избувнаа поради револт на граѓаните за убиството на матурантот Ангел П., органите на безбедноста привеле 18 лица од кои пет се малолетни а останатите се лица до 36 годишна возраст.
Приведените веднаш биле префрлени во полициска станица во Скопје и им биле изречени парични казни за извршена материјална штета.
Истражните органи ги разгледуваат сите докази и видеоснимки направени од камерите за видео надзор на очната болница во населбата Ѓорче Петров со цел да се препознаат евентуално и други прекршители на јавниот ред и мир, но и да се утврди дали за време на нередите се направени кривични дела. за што од Основното јавно обвинителство ќе бидат поднесени и кривични пријави.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека имаат поседуваат сознанија добиени од социјалните мрежи дека поголема група лица се организираат и во текот на вторникот да излезат и да организираат нови протести во населбата Ѓорче Петров./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Сообраќајна несреќа во Прилеп, тешко повреден 16-годишник

Вчера во 15.37 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на крстосницата од улицата „Јане Сандански“ со улицата „Стеван Димоски“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „хамачи“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Прилеп и патничко возило „шкода октавија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 34-годишната С.М. од Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската болница Прилеп.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Рачна бомба од германско производство од Втората светска војна пронајдена во село Дихово

Вчера во 15.15 часот во СВР Битола е пријавено дека во атар на село Дихово, битолско, била пронајдена граната.
Од пиротеничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната и било констатирано дека се работи за рачна бомба од германско производство од Втората светска војна.
Црна хроника
25-годишник од Битола со возило излетал од патот, со тешки повреди се здобил сопатникот

Вчера во 18.05 часот во СВР Битола е пријавено дека на магистрален пат Битола – Прилеп, во близина на надвозникот со село Долно Српци, општина Могила, патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот Д.К. од Битола, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.К.(61) од Битола, констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.