Спорт
Македонија со сигурен победнички почеток во Минхен!
Предводени од капитенот Кирил Лазаров во нападот и фантастичниот Борко Ристовски на голот, македонската ракометна репрезентација го започна своето шесто учество на едно Светско првенство со очекувана и убедлива 38:29 (18:13) над Јапонија во Минхен.
Со …

Предводени од капитенот Кирил Лазаров во нападот и фантастичниот Борко Ристовски на голот, македонската ракометна репрезентација го почна своето шесто учество на Светското првенство со очекувана и убедлива 38:29 (18:13) над Јапонија во Минхен.
Со оваа победа селекцијата на Раул Гонзалес ја оствари својата прва цел и сега со победа во неделниот меч против Бахреин втората рунда ќе биде на дофат. Против Јапонија доминиравме и ја контролиравме играата, иако разликата можеше да биде уште поголема доколку функциониравме подобро во одбранато.
По почетната предност на брзите Јапонци од 3:4, следуваше низа за Македонија од 4:0 и преземање на предноста, која потоа не ја испуштивме до крајот. На полувремето Македонија отиде со 18:13, а второто полувреме Јапонците го почнаа со надеж дека може да се вратат во натпреварот и намалија на -3 пред Македонија во последните 20 минути да ја покаже силата.

Кирил Лазаров имаше осум гола, Дејан Манасков беше еден од клучните ракометари во второто полувреме со вкупно седум гола, а секогаш сигурниот Стоилов исто така броеше до шест. Ристовски на голот имаше дури 20 одбрани покажувајќи форма што ќе ни биде потребна во следните потешки мечеви.
Следниот предизвик е уште една азиска репрезентација, посериозниот тим на Бахреин, со кого играме в недела во 14 часот.
Фото: ЕПА
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ДАНСКА/ГЕРМАНИЈА, 1. КОЛО
ГРУПА Б
Јапонија – Македонија 29:38 (13:18)
Исланд – Хрватска 18.00 ч
Бахреин – Шпанија 20.30 ч
ГРУПА А
Србија – Русија 18.00 ч
Бразил – Франција 20.30 ч
ГРУПА Ц
Саудиска Арабија – Австрија 18.00 ч
Тунис – Норвешка 20.30 ч
ГРУПА Д
Ангола – Катар 24:23 (12:8)
Аргентина – Унгарија 18.00 ч
Египет – Шведска 20.30 ч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

