Европа
За Французите, дефинитивно, Крим е дел од Русија?!

Еден од најреномираните светски издавачи француската куќа Larousse во својот нов атлас за 2016 година црноморскиот полуостров Крим го вцрта како дел од Русија, што предизвика бурна реакција од Украина.
„Шокирани сме од потегот на издавачка куќа Larousse која му даде легитимитет на руското кршење на меѓународното право“, изјави украинскиот амбасадор во Париз, Олех Шамшур. Украинците сметаат дека ваквата грешка оди во прилог на руската пропаганда која се обидува да ја оправда руската „агресија“ во Украина.
Челниците на познатиот издавач на референтните енциклопедии Larousse не сакале да ја коментираат за AFP изјавата на украинскиот амбасадор, порачувајќи дека не сакаат да бидат вовлечени во оваа полемика.
Претходно летово, по италијански и германски, и поголема група француски парламентарци, претежно од крајната десница Национален фронт на Марин Лепен, која е позната како голем поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин беа во посета на Крим, што предизвика реакции на Киев.
По бурните безредија во Киев со кои во февруари 2014 година беше соборен украинскиот претседател Виктор Јанукович, парламентот на Крим, каде доминантно е руско и рускојазичното население, одбивајќи го наложувањето на новите челници на регионот наметнати од новите прозападни власти во Киев, распишаа референдум за враќање на автономијата укината во 1990-те со осамостојувањето на Украина и во март 2014 година за присоединување кон Руската Федерација.
Потоа беше распишан референдумот на кој 93 отсто од населението се изјаснија за присоединување кон Русија. Следниот ден беше формирана Република Крим која побара од рускиот парламент прием во Руската Федерација. На 18-ти март беше потпишан договор за присоединување кој официјално беше ратификуван во Москва на 21-ви март.
Украина и Западот не го признаваат референдумот и присоединувањето го сметаат за нелегална руска анексија на украинска територија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Авион со руски туристи принудно слета во Естонија поради украински напад со дронови

Патнички авион што превезуваше руски туристи до Санкт Петербург беше принуден да слета во Естонија вчера по украинскиот напад со беспилотно летало врз Русија.
„Авионот беше пренасочен кон Талин бидејќи не можеше да слета на аеродромот ‘Пулково’ поради неговото привремено затворање“, потврди Маргот Холтс, раководител за комуникации и за маркетинг на аеродромот во Талин.
Во ноќта од саботата кон неделата украински беспилотни летала погодија гасен терминал во регионот Ленинград и рафинерија за нафта во регионот Самара. Извор во Службата за безбедност на Украина потврди за „Киев индепендент“ дека разузнавањето стои зад нападот врз терминалот за течен природен гас во регионот Ленинград.
Авионот, управуван од египетскиот превозник „Ал Масрија јуниверсал ерлајнс“, полетал од Шарм ел Шеик и слетал во Талин во 5.33 часот по локално време. Тој го продолжил своето патување кон Санкт Петербург речиси шест часа подоцна.
Според Холтс, на патниците и на екипажот не им било дозволено да го напуштат авионот додека биле на аеродромот во Талин.
Украинските напади со беспилотни летала, кои сè повеќе го нарушуваат цивилниот воздушен сообраќај во Русија, се дел од пошироката украинска стратегија за поткопување на руската логистика далеку над линиите на фронтот. Во првите месеци од 2025 година украинските напади со беспилотни летала наводно ја принудиле Русија да затвори аеродроми повеќе од 200 пати.
фото: принтскрин
Европа
Украинци: Русите извршија 500 напади врз Запорожје за еден ден

Во текот на изминатите 24 часа, руските сили извршија 500 напади насочени кон 13 населени места во регионот Запорожје, објави на Телеграм Иван Федоров, началник на Воената администрација на Запорожје.
„Руските сили извршија четири воздушни напади врз Билохирија, Полтавка и Червони. Три напади со повеќекратен ракетен систем (MLRS) ги погодија Плавни и Мала Токмачка. Вкупно 327 беспилотни летала (главно дронови FPV) ги погодија Запорожје, Биленки, Плавни, Хулајпол, Шчербаки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно. Исто така, 166 артилериски напади се регистрирани во Плавни, Хулајпол, Орихив, Шчербаки, Преображенки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно“, се вели во соопштението.
Властите добија 19 пријави за штети на станбени згради и помошни згради. Немаше пријави за цивилни жртви.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Патниците врескаат во агонија, трепка црвено светло: пекол на летот за Рим

Патниците врескаа од страв откога силни турбуленции го погодиле летот од Шпанија до Рим принудувајќи го пилотот итно да слета.
Преплашените патници гласно врескаа додека авионот се бореше со силни турбуленции на летот од Аликанте до аеродромот во Рим.
Turbulence caught on camera today on a Wizz Air flight from Alicante to Rome, forcing a diversion to Bologna.pic.twitter.com/sbLjXUp1DH
— The Age Of Genz (@TheAgeOfGenZ) August 21, 2025
Кога авионот изврши итно слетување во Болоња, патниците „му се заблагодарија на Бога што се живи“.
Снимките од кабината го покажуваат авионот како силно се тресе, со светла претежно изгаснати, а црвено светло трепка надвор од прозорецот.
Лошите временски услови во регионот предизвикаа проблеми за авионот додека се обидуваше да слета во Рим.
По неколку обиди за слетување на аеродромот во Рим, авионот беше пренасочен кон Болоња. Таму слетал во 3.53 часот наутро, речиси три часа откога требаше да пристигне во италијанската престолнина.
Патот од Аликанте до Рим обично трае нешто помалку од два часа.