Црна хроника
Обвинителството од Гостивар води истрага за навивачката тепачка кај Стража
Надлежното Основно јавно обвинителство Гостивар во вторникот соопшти дека врши сослушување на инволвираните лица во тепачката меѓу навивачките групи на Будуќност и Шкендија.
Дејствијата се насочени кон вкупно 14 лица и тоа за сторено кривично дело Учество во тепачка од член 142 од Кривичниот законик.
Преземањето на активности од страна на надлежен јавен обвинител продолжува во насока на расветлување на настанот и утврдување на факти во предметот.
Според податоците на обвинителството инцидентот се случил на 21.02.2016 година на магистралниот пат А2 Гостивар – Кичево, во близина на преминот Стража, на место викaно Сретков Мост.
Два автобуса со навивачи на женскиот ракометен клуб „Будуќност“ од Подгорица, Црна Гора, биле паркирани на проширен дел од патот. Во тој момент со полициска придружба поминувал еден автобус од вкупно 10 автобуси со навивачи на фудбалскиот клуб „Шкендија“ од Тетово.
При разминувањето започнало каменување помеѓу двата автобуси на „Будуќност“ и едниот автобус на „Шкендија“, по што по пристигнување и на останатите автобуси со навивачи на „Шкендија“ и започнала групна тепачка помеѓу двете навивачки групи.
Во настанот 10 лица навивачи на женскиот ракометен клуб „Будуќност“ се здобиле со телесни повреди и едно лице се здобило со тешки телесни повреди. Од навивачите на фудбалскиот клуб.„Шкендија“ три лица се со телесни повреди. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претепал сограѓанин и му се заканувал со пиштол пред кафеана, приведен жител на Грчец
Триесет и деветгодишниот З.Ф. од селото Грчец, скопско, бил приведен во текот на денешниот ден поради напад пред угостителски објект на подрачјето на општина Сарај.
Претходно, на 7 февруари, тој со тврд предмет физички го нападнал 47-годишниот Р.З., исто така од Грчец, а потоа му се заканувал и со пиштол, јави МВР.
По целосно документирање на случајот, против З.Ф. ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Запалени „порше“ и „форд ренџер“ во Батинци, известен е обвинител
Во раните утрински часови во селото Батинци, општина Студеничани, избувнал пожар во кој биле опожарени две возила – патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 47-годишниот Џ.И. од Батинци, и товарно возило „форд ренџер“, сопственост на правен субјект.
Случајот бил пријавен во 02:15 часот во СВР Скопје. Пожарот го изгаснала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Во инцидентот нема повредени лица.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото: илустрација (depositphotos)
Црна хроника
Автомобил излета од патот кај Маврово: скопјанка тешко повредена, сопатникот се здобил со полесни повреди
Седумдесет и тригодишна скопјанка е тешко повредена, а возачот со кој патувала се здобил со телесни повреди, откако нивното возило излетало од коловозот на патот Маврови Анови – Дебар, кај гостиварското село Скудриње.
Несреќата се случила на 7 февруари 2026 година, околу 9 часот наутро, кога патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од патот. Повредените се префрлени во Ургентниот центар во Охрид, каде кај сопатничката биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид.

