Контакт

Црна хроника

Кривични пријави за тепачката меѓу навивачи на Стража, прекршочни за тепачката во Скопје

Објавено пред

Полицијата поднесе 14 кривични пријави за тепачката меѓу навивачите којашто се случи во неделата на магистралниот пат Гостивар – Кичево и пет прекршочни пријави за тепaчката што се случи во центарот нa Скопје.

dobivaj vesti na viber

Тепачката на магистралниот пат Гостивар – Кичево се случи во неделата околу 12.30 часот на Сретковски мост. Навивачите на фудбалскиот клуб од Тетово „Шкендија“ кои со десет автобуси се движеле кон Кичево застанале кај мостот и со бекатон плочки и тврди предмети фрлале кон два паркирани автобуса со црногорски регистарски таблици во коишто се превезувале на навивачи на црногорскиот женски ракометен клуб „Будуќност“.Навивачите од Црна Гора возвратиле со фрлање тврди предмети кон автобусите во кои се превезувале навивачите на „Шкендија“. Во тепачката 11 лица црногорски државјани се здобиле со повреди и се пренесени во Медицинскиот центар Гостивар.Од нив тројца со тешки повреди, меѓу кои едно прободено, итно биле пренесени во Клиничкиот центар во Скопје, а останатите по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Во тетовската болница биле пренесени и тројца навивачи од „балистите“, навивачката група на „Шкендија“.Кривичната пријава е поднесена против 11 црногорски државјани и против тројца тетовци.За тепачката што се случи во центарот на Скопје меѓу членови на навивачката група „Комити“ и навивачи на „Будуќност“ приведени биле 23 црногорски државјани, а прекршочни пријави се поднесени против четворица црногорски државјани и еден македонски државјанин.Тепачката се случи во неделата попладне во 17.15 часот во Скопје на улицата  „Кеј 13-ти Ноември“ во центарот на градот крај Градски трговски центар.Навивачите на ЖРК „Будуќност“ кои пристигнале во Скопје за да го следат ракометниот натпревар, седнале во угостителски објект и по кратко време пристигнале неколку непознати  машки лица. Прво меѓу себе си размениле погрдни и навредливи зборови, а потоа си размениле удари со разни предмети кои им биле на дофат од терасите на угостителските објекти, односно се мавале со стаклени шишиња, метални и други предмети. По кратко време навивачите на ЖРК„ Будуќност“ го напуштиле објектот и се упатиле кон хотел „Холидеј Ин“ каде од страна на полициски службеници кои излегле на местото на настанот, биле пресретнати и застанати. Во тепачката потешко повреден бил скопјанец кој бил прен3сен во Ургентниот центар во Скопје. Со телесни повреди се здобиле и две лица од Подгорица. Тие по укажаната лекарска помош во Градската општа болница Скопје, се приведени во Полициската станица Кисел Вода. Приведените црногорски државјани во 23.15 часот биле ослободени од полициската станица и со придружба биле испратени до граничниот премин Блаце./крај/мф/

Црна хроника

Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа

Објавено пред

Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.

dobivaj vesti na viber

Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.

Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Објавено пред

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.

dobivaj vesti na viber

Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице

Објавено пред

Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Силјановска: Како никој не се сети да им каже во ЕУ дека самите во член 4 гарантираат немешање во внатрешните работи и почитување на уставните структури

Како може некому да ветите дека ќе го смените Уставот, кога Уставот може да го сменат само пратениците во Уставот....

Македонија3 часа

СДСМ за Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и...

Македонија4 часа

Пендаровски: Не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама е договорена од 27 држави – ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме

Во вечерашниот телевизиски дуел помеѓу двата претседателски кандидати, Пендаровски се осврна на неговиот концепт за напредок на државата, за кој,...

Свет7 часа

Борел: Западен Балкан има историска можност да ја поврзе својата иднина со ЕУ

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел,  по повод 20-годишнината од најголемото проширување на ЕУ, изјави...

Македонија8 часа

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце. Претседателот на...

Македонија10 часа

Демократски сојуз: Народот не може да создаде толку колку што власта може да украде

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај. „Во услови на влошена економско-социјална положба...

Македонија11 часа

„Колку повеќе не напаѓаат посилни не прават“ – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешниот протест порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука...

Македонија11 часа

Европски фронт: Ветингот, услов за нова Влада

Арта Билали Зендели, претставник на Европскиот фронт  на прес- конференција истакна дека ветингот ќе биде услов за новата Влада. Според...

Македонија12 часа

СДСМ не ја прифаќа понудата на Максим Димитриевски

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции....

Македонија13 часа

Силјановска Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Гордана Силјановска-Давкова порача од Струмица дека ќе се вивне политичкиот вулкан како отпор на феудалните енклави на замислените европјани. „Во...

Македонија14 часа

Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС, со распределбата на ваучерите направен милионски криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Милионерот Дарко Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на Агенциојата за млади и спорт, АМС, со распределбата на ваучерите направен...

Македонија14 часа

Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега

Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по...

Македонија14 часа

Колони возила на Богородица, се чека и по еден час

Според информациите на граничниот премин Богородица за излез од Македонија се чека и по еден час за возила кои се...

Свет15 часа

Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница

Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на...

Свет15 часа

Шојгу нареди да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу нареди што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во...

Свет15 часа

(Видео) Се урна дел од автопат во Кина: возила паднаа во провалија, десетици мртви

Се урна автопат во провинцијата Гуангдонг во јужна Кина. Дел од автопатот се урна рано наутро во јужна Кина, при...

Македонија16 часа

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100...

Македонија1 ден

Каевски: Обвинувањата на ОЈО се неосновани и тенденциозни, тврдам дека го немам прекршено законот

Поранешниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски ги отфрли сите обвинувања на ОЈО против него, кои, како...

Македонија1 ден

Ковачевски: Условувања не прифаќаме, СДСМ е државничка партија

СДСМ не прифаќа никакви условувања и со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се...

Македонија1 ден

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Додека од власта зборуваат за интеграции, ја купуваат „Соравија“ додека тие се колнат лажно во европските вредности, им течат тендери...