Македонија
Османи и Ахмети со орел од вкрстени раце го честитаа официјализирањето на Законот за јазиците
Со вкрстени раце во вид на орел, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, и вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, на „Фејсбук“ го честитаа официјализирањето на Законот за јазиците.
Османи сподели фотографија со Ахмети под која напиша:
„Каков почеток на годината, каква чест што сум ваш колега и ваш соработник! Лидер!“
На социјалните мрежи пратеникот Артан Груби се пофали дека сè што било ветено за Албанците било и исполнето.
„Албанскиот јазик е објавен во официјалниот весник; интеграција во НАТО и ЕУ – беше кажано, сторено; јазична еднаквост – беше кажано, завршено; системски реформи – беше кажано, сторено“, напиша Груби.
На честитките за јазикот се приклучи и вицепремиерот и еден од челниците на ДУИ, Хазби Лика.
„Употребата на албанскиот јазик од нашето огниште, сега веќе е и во нашите институции и пошироко!, честитки другар, Законот за употреба на јазиците влезе во сила“, вели Лика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мајка на загинато дете од „Пулс“: 63 сенки ќе ги следат обвинетите засекогаш, контрадикторно е што никој не се изјасни за виновен
Пред судот денес зборуваше Јулија Златкова, мајка на загинатиот Томас Златков, која реагираше на однесувањето на обвинетите на минатото рочиште.
„Шеесет и три убиени деца. 63 уништени иднини на децата и нивните семејства. Контрадикторно беше што на минатото рочиште никој од обвинетите не се изјасни за виновен. Зарем треба ние родителите да ги потсетиме зошто се наоѓаат во судницата“, изјави Златкова.
Таа додаде дека ниту еден од обвинетите не покажал каење: „Никој од нив немаше ни грам совест и човечност да ја признае својата вина. Ниту монструмот, ни син му, не покажа човечност.“
Златкова порача дека родителите очекуваат правда за сите загинати деца: „63 не е бројка, ниту статистика. Тоа се млади убиени деца и 63 сенки ќе ги следат засекогаш“, рече.
Изрази надеж дека семејствата ќе ја добијат правдата, оти, како што рече, овие деца заслужуваат правда.
Македонија
Адем Чучуљ ја презеде претседателската функција на Антикорупциска
Новиот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ, денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Тој најави дека заедно со неговиот тим ќе бара интегритет, одговорност и транспарентност од сите институции.

„За мене претставува, пред сѐ, чест да бидам претседател на институцијата од која потекнувам, во која израснав како професионалец. Истовремено е голема одговорност, имајќи ги предвид предизвиците со кои се соочува и Комисијата и државата на полето на борбата против корупцијата. Во таа насока како претседател на ДКСК ќе се залагам за транспарентна работа на институцијата, но и како тим ќе бараме одговорност и транспарентност од сите институции“, изјави Чучуљ.
Македонија
Обвинетите за „Пулс“ утрово во „Идризoво“ ги пречекаа фотографии од сите загинати
Металните барикади пред влезот во судницата во „Идризово“, кои ги одвојуваат влезовите преку кои влегуваат обвинетите и родителите на загинатите, утрово се прекриени со транспарент на кој ги има фотографиите од сите жртви во трагедијата во „Пулс“.
Покрај него мораа да минат сите обвинети.
Со истиот транспарент родителите и роднините на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ во саботата маршираа во Кочани.

