Спорт
Андоновски: Раул да беше Македонец, ќе го сменевте на полувремето
Македонскиот селектор Раул Гонзалес, поради начинот на кој што игра репрезентацијата на Светското првенство добива се повеќе критичари. Најмногу замерки ониена кои ракометот име професионална определба имаат на тврдоглавото форсирање на играта в нападо…

Македонскиот селектор Раул Гонзалес, поради начинот на кој игра репрезентацијата на Светското првенство, добива сè повеќе критичари. Најмногу забелешки имаат оние на кои ракометот им е професионална определба, и тоа на тврдоглавото форсирање на играта во нападот 7 на 6.
Веселин Вујовиќ во колумна напиша дека Раул се однесува како Македонија да му е попатна станица и му изгледа како човек што со душа чекал да заврши првенството за да може да ѝ се посвети на работата во Пари Сен Жермен.
Македонија синоќа одигра одлично во првото полувреме против Шпанија, а потоа ракометарите исчезнаа од теренот и „црвената фурија“ забележа лесна победа (21:32).
Играта и тактичката определба го натера на социјалните мрежи со коментар да се огласи и тренерот на Охрид, Горан Андоновски.
„Со 7 на 6 за 2 минути загуби меч. Утре пак нека игра 7 на 6 поради нечие его да ни докажува дека е во право. Кој стигне си игра мајтап со Македонија. Да беше селектор Македонец, ќе го сменевте на полувремето. Не зборувам само за Руал, срамен натпревар со Турција, катастрофа со Грција и овде мајтапи 60 минути 7 на 6. Раул е тренериште, ама мислам дека Македонија му е заморче за експерименти“, напишал поранешниот репрезентативец на Македонија.
Македонските ракометари, вечерва, од 18 часот против Исланд ќе го одиграат клучниот меч за пласман во втората фаза на 26. Светско првенство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

