Спорт
Нишикори ги преживеа „бомбите“ на Карловиќ, Раониќ го доби Вавринка (Видео)
Кеи Нишикори ја преживеа „канонадата“ на Иво Карловиќ и во најдраматичниот меч во досегашниот тек на Гренд-слемот во Мелбурн, избори пласман во третото коло. Јапонецот и 40-годишниот Хрват одиграа пет сета, а Нишикори го доби супер тај-брејкот со 10:7….
Кеи Нишикори ја преживеа „канонадата“ на Иво Карловиќ и во најдраматичниот меч во досегашниот тек на Гренд-слемот во Мелбурн, избори пласман во третото коло. Јапонецот и 40-годишниот Хрват одиграа пет сета, а Нишикори го доби супер тај-брејкот со 10:7.
Нишикори одлично го започна мечот и поведе со 2:0 во сетови, откако првиот сет го доби со 6:3, а вториот со 7:6.
Меѓутоа Карловиќ не се предаде и успеа да израмни на 2:2 во сетови. Третиот и четвртиот сет ветеранот ги доби со 7:5.
Драмата кулминираше во решавачкиот сет, а Нишикори си го трасираше патот до победата кога во деветтиот гем успеа да спаси три врзани брејк топки.
Карловиќ во овој меч 124 пати излезе на мрежа, а имаше 59 ас сервиси.
„Сервираше 60 ас удари? Тоа е еднакво на мојот број на ас сервиси во текот на една година“, рекол Нишикори по мечот.
Јапонецот во третата рунда ќе игра против Жоао Соуса кој исто така во пет сета го порази Филип Колшрајгбер.
Интересен меч одиграа и тенисерите што некогаш беа во Топ 10 во светот, Милош Раониќ и Стан Вавринка. Победата му припадна на тенисерот од Канада. Интересно четирите сета беа решени во тај-брејк, а најнеизвесен беше третиот кој Раониќ го доби 13:11.
Првиот сет го освои Вавринка, а наредните три му припаднаа на Раониќ.
Максимални победи во второто коло забележаа Карењо-Буста против Белорусот Ивашка, Чориќ против Унгарецот Фучович и Фоњини против Аргентинецот Мајер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија главната фаза ја отвора утре против Австрија
Фото/ facebook.com/rfmofficial
Ракометната репрезентација на Македонија од третата позиција во Д групата избори пласман во главната фаза на 29. Светско првенство. Победа, реми и пораз е учинокот на македонските ракометари во групата во која беа Унгарија, Холандија и Гвинеја.
Групата Д, во главната фаза ќе вкрсти со групата Ц, која со максимални три победи ја освои Франција. две победи и пораз забележа Австрија, победа и два порази оставри Катар, а без победа првата фаза ја заврши Кувајт.
Во новоформираната група Франција ќе стартува со четири бода, Унгарија со три, Австрија и Холандија со два, Македонија со еден, а Катар без ниту еден бод.
Светската ракометна федерација (ИХФ) го одреди термините во кои ќе се играат натпреварите во Вараждин.
Македонија утре од 15.30 часот ќе игра против Австрија, во истиот термин в четврток прптивник на ракометарите ќе им биде Катар, а оваа фаза ќе ја затворат в сабота од 20.30 часот, против најголемиот фаворит во групата, Франција.
Спорт
(Видео) Како Сидорф ги опиша своите колеги со еден збор?
Легендарниот Кларенс Сидорф, освојувач на Лигата на шампионите со три различни клуба, доби задача да ги опише ѕвездите на европскиот фудбал со еден збор додека гостуваше на Би-би-си.
Сидорф играше за Ајакс, Реал Мадрид, Интер, Милан, а беше соиграч и противник на многу големи имиња.
Вака ги опиша:
Роналдињо – уживање, радост
Кака – напредок
Кристијано Роналдо – голови
Златан Ибрахимовиќ – таеквондо
Килијан Мбапе – брзина
Џуд Белингем – личност
Кларенс Сидорф – љубител на фудбалот
Роберто Карлос – цимер
Clarence Seedorf gives his one word descriptions of some of the #UCL stars. 👌 pic.twitter.com/fxRq5AvIcK
— BBC Sport (@BBCSport) January 20, 2025
Спорт
Порто го отпушти тренерот, навивачите славеа пред „Драгао“
Португалскиот великан Порто соопшти дека клубот ја прекинал соработката со досегашниот тренер Бруно Витор.
Порто е првиот тим на Бруно во кариерата, а за тренер беше назначен во јуни. Неодамна во декември беше прогласен за најдобар тренер во португалската лига, откако неговиот тим забележа четири победи и едно реми.
Порто ги загуби последните три натпревари. Прво беа поразени од Спортинг во полуфиналето на Лига купот на 7 јануари, а потоа загубија два последователни натпревари во португалската лига. Порто се наоѓа на третото место на табелата со 40 бодови.
По шест одиграни натпревари, Порто се наоѓа на 18. место на табелата во Лига Европа со осум бодови.
Португалските медиуми пишуваат дека тренерот ја немал поддршката од играчите, а еден од предводниците на бунтот бил ветеранот Пепе, кој одбивал да игра под палката на Витор.
„Пепе не е опција бидејќи тој така сака. Тој повеќе сака да игра видео игри. Има некои кои го сакаат тука, други не го сакаат толку многу”, изјави неодамна тренерот, Бруно Витор.
Стоперот наводно не го гледал мечот против Жил Висенте, преку стриминг платформата „Face It“ било утврдено дека тој во тој момент ја играл популарната видео игра „Кантер Страјк“.
Пеп ова го демантираше на социјалните мрежи, посочувајќи дека мечот го гледал со семејството.
Навивачите со факели пред „Драгао“ стадионот го прославија отказот на Витор. Хорхе Коста треба да биде новиот тренер на Порто.