Европа
ЕП е ‘за критичко преиспитување’ на односите со Русија
Европскиот парламент ја повика во средата Европската унија „критички да ги преиспита“ своите односи со Русија поради нејзината наводна „агресија врз Украина“ и нејзиното мешање во европските политики.
Во резолуцијата усвоена со 494 гласа „за“, 135 „против“ и 69 воздржани, европратениците го осудија „намерното руски кршење на демократските принципи, темелните вредности и меѓународното право со насилно дејствување и дестабилизација на соседните земји“.
„Со агресијата на Украина и со анексијата на Крим, руските челници ги доведоа нашите односи до пресвртница. Кремљ сега треба да одлучи по кој пат тие ќе тргнат, кон враќањето на соработката или кон поголема изолација“, изјави европскиот конзервативен парламентарец Габрелиус Ландбергис, автор на резолуцијата која не е инаку обврзувачка за земјите членки на Европската унија.
„Промена во Русија може да се случи, и ќе дојде, однатре. Додека чекаме, мораме на руските челници да им упатиме силна порака дека сме до жртвите на нивната агресија и оние коишто ги поддржуваат вредностите на кои се заснова Европската унија“, додаде Ландбергис.
Европратениците ги повикаа владите на земјите членки на ЕУ да не склучуваат билатерални договори со Русија, бидејќи тоа би можело да ми причини штета на европското единство во односот кон Москва. Побараа, исто така, и мерки и финансиска помош за „сузбивање на руската пропаганда и дезинформации во и надвор од Унијата“.
Осудувајќи го „мешањата на Русија во европските демократии“, особено преку „поддршката и финансирањето на радикалните и екстремистички партии“, исто така ја повикаа Европската комисија и државите членки да воведат механизми за следење на „финансиската, политичката или техничката помош којашто Русија им ги дава на политички и други организации во ЕУ“.
Француските социјалисти особено предупредуваат на тоа, во врска со партијата од крајната десница Национален фронт (FN), чијашто претседателка Марин Лепен во неколку наврати престојуваше во Москва и редовно пофално се изразува за рускиот претседател Владимир Путин, а во Франција добива сé поголема поддршка меѓу избирачите.
Европските парламентарци на крајот го осудија „арбитрарниот црн список“ со кој на 89 политички и воени личности им е забранет влезот во Русија, како одговор на црната листа на ЕУ за околу 150 физички и правни руски и украински проруски субјекти на кои им е забранет влезот во земјите членки, замрзнат им е имотот и ставени се под остри економски санкции./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

