Европа
Националистите и унионистите во Северна Ирска постигнаа договор

Ирските националисти и пробританските унионисти во Северна Ирска постигнаа клучен договор во вторникот за злосторствата од минатото и за мерките за штедење, со што е избегнат колапсот на заедничката влада воспоставена во 1998 година за да се стави крај на децениското секташко насилство.
Ирските националисти и пробританските унионисти во Северна Ирска постигнаа клучен договор во вторникот за злосторствата од минатото и за мерките за штедење, со што е избегнат колапсот на заедничката влада воспоставена во 1998 година за да се стави крај на децениското секташко насилство.
Договорот беше постигнат по 27 часови преговори меѓу ирските националисти од Шин Фејн, Демократската унионистичка партија, како и претставници на северноирската и на британската влада
Премиерот Питер Робинсон го оцени како добар договорот постигнат по повеќемесечните преговарања и неколкуте пропуштени рокови, и смета дека тој го отвора патот за Северна Ирска да ги пренесе овластувањата и самата да ја одреди стапката на корпоративниот данок.
Тоа и двете страни го посакуваа, бидејќи на Северна Ирска ѝ дава можност за воспоставување на поконкурентна стапка, поблиску до 12,5-процентната каква што има соседната Северна Ирска, отколку 21-процентната којашто е актуелната, заедно со другите делови од Велика Британија.
Северна Ирска, според одредбите од договорот, ќе добие дополнителни средства и овластувања во износ од 2 милијарди британски фунти, а со него се овозможува и намалување на владините ресори од 12 на 9 и се дозволува постоење на официјална политичка опозиција.
Со договорот, исто така, се воспоставува рамка за соочување со „штетното наследство од минатото“, како што тоа го формулираше северноирскиот министер за надворешни работи Чарли Фланаган, а се однесува на воспоставување историски архив и создавање посебен оддел кој ќе ги истражува смртните случаи од периодот на северноирскиот секташки судир.
Преговарачките страни, начелно, се согласија и околу тоа и одговорноста за управувањето со чувствителните секташки паради на протестантите и на католиците да се префрли од британската влада на парламентот во Белфаст.
Премиерот Робинсон, кој е и претседател на унионистичката партија, договорот го нарече „монументален чекор кој е во полза на сите“. Ова е само почетокот, а не крајот“, додаде.
Повеќемесечниот застој во преговорите беше најлошиот и најдолгиот од Договорот на Велики петок, со кој во 1998 година беше прекинато крвопролевањето меѓу претежно католичките националисти, коишто сакаат присоединување на Република Ирска, и претежно протестантските унионисти, кои беа истрајни Северна Ирска да остане во рамките на Велика Британија./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Фото) Телото на директор на Путин пронајдено обезглавено под мост: нова мистериозна смрт на руски бизнисмен

Алексеј Синицин, извршниот директор на производителот на калиумова сол „К-Поташ сервис“, беше пронајден мртов во близина на Калининград. Тој е 19-тиот руски бизнисмен што почина под мистериозни околности од почетокот на руската инвазија на Украина, објави „Москва тајмс“.
Најмалку 19 високи раководители и бизнисмени, многумина поврзани со руските нафтени и гасни гиганти, вклучувајќи ги „Лукоил“, „Газпром“ и „Транснефт“, починаа под сомнителни околности во Русија и во странство од 2022 година.
Tragic mystery in Kaliningrad: CEO of “K-Potash Service,” Alexey Sinitsyn, found decapitated under a bridge with a towing cable nearby. Authorities are investigating. What really happened? #Mystery #Kaliningrad #CrimeNews pic.twitter.com/M5I348U2Ou
— ceanmedia (@ceanmedia) September 8, 2025
Телото на Синицин било пронајдено обезглавено под мост, со сајла за влечење прицврстена на неговото тело, објави рускиот државен медиум „РИА новости“ повикувајќи се на полициски извор. Сепак, „Киев Индепендент“ не можеше да ги потврди наводите.
The CEO of one of Russia’s largest potash producers, Alexey Sinitsyn, was found dead near Kaliningrad Monday https://t.co/ivvsDqC7F3
— The New York Sun (@NewYorkSun) September 9, 2025
Мистериозни смртни случаи на руски бизнисмени
Минатиот месец починаа Дмитриј Осипов, претседател на одборот на директори на „Уралкали“, еден од најголемите руски производители на калиумови соли, и Михаил Кенин, основач и мнозински сопственик на водечката градежна компанија „Самолет“. Причините за смртта не беа објавени.
Од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина регистрирани се низа смртни случаи под нејасни или необични околности не само во деловните кругови туку и меѓу полицијата и владините претставници.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Француската полиција извлече пијан патник од авион: „Тој почна општа тепачка“

Во четвртокот имаше вистински хаос на летот на „Рајанер“ од Борнмут, Англија, до Жирона, Шпанија. Летот мораше да биде пренасочен кон Тулуз откога пијан патник се обиде да ја отвори вратата на авионот предизвикувајќи општа тепачка.
Според сведоците, инцидентот почнал кога пијан маж почнал да вика „сакам да си одам“ и се упатил кон излезот за итни случаи. Другите патници веднаш реагирале и се обиделе физички да го совладаат, но тој одговорил со плукање и удирање. Целата ситуација ескалирала во општа тепачка.
„Целиот инцидент бил многу трауматичен. Човекот отишол во тоалет, потоа се обидел да отвори една од вратите за итни случаи. Потоа се обидел и со другите. Потоа почнала голема тепачка со мажите што се обидувале да го оддалечат од вратата“, рекол еден патник.
@thesun Shocking moment drunk man is dragged off plane after trying to open door mid-air and brawling with other passengers. #news #plane #brawl ♬ original sound – The Sun
Некои од патниците рекле дека доживеале напади на паника.
„Почнаа да се тепаат на средина од авионот. Траеше 30-ина минути. Беше ужасно, имаше крв насекаде. Луѓето врескаа и плачеа“, додал друг сведок. Насилниот патник на крајот бил совладан и соборен на подот, а глуждовите му биле врзани со дел од безбедносниот појас.
„Сакаше да оди во тоалет додека полетувавме. Кога го замолија да седне, извика ‘морам да одам, другар’, но потоа седна. На средина од летот почна да се затетерува и се обиде да ја отвори вратата од авионот. Беше целосно пијан и сакаше да излезе“, опиша трет сведок.
Sécurité aérienne : un vol Ryanair, qui effectuait la liaison entre l’Angleterre et l’Espagne, a été dérouté en urgence vers l’aéroport de Toulouse à cause d’un passager britannique, ivre, qui a tenté d’ouvrir une porte de secours en plein vol, provoquant la panique parmi les… pic.twitter.com/eoxbBmpbtu
— Infos Françaises (@InfosFrancaises) September 6, 2025
„Двајца мажи се обидоа да го смират и да го совладаат, а тој почна да ги удира и да плука по сите. Еден крупен човек го предупреди дека ќе го собори ако продолжи и го турна на земјата“. По слетувањето во Тулуз, човекот беше пречекан на пистата од 13 француски полицајци и беше симнат од авионот. Летот потоа продолжи за Жирона, а авионот слета со речиси два часа задоцнување.
фото: принтскрин
Европа
Левицата победи во Норвешка: историски резултат за десничарските популисти

Левицата, предводена од премиерот Јонас Гар Сторе од Лабуристичката партија, ќе остане на власт во Норвешка откако победи на парламентарните избори обележани со подемот на популистичката десница, која го постигна својот најдобар резултат во својата историја.
По изборите фокусирани на локални прашања, но под влијание и на геополитичките турбуленции, со речиси сите преброени гласови, се очекува левичарскиот блок да освои тесно мнозинство од 87 од 169 места во Парламентот.
„Знаевме дека ќе биде тесно и беше. Знаевме дека мора да дадеме се од себе и дадовме се од себе. И го направивме тоа“, им рече Сторе на поддржувачите.
На власт од 2021 година, 65-годишниот премиер освои нов четиригодишен мандат, најверојатно на чело на малцинска влада.
Со речиси 28 проценти од гласовите, неговата Лабуристичка партија ќе мора да ги здружи силите со сите други левичарски партии со кои има бројни несогласувања.
фото: принтскрин