Спорт
Меси и Суарез заедно постигнале повеќе голови од сите тимови во Ла Лига
Барселона синоќа го победи Леганес со 3:1, а по еден гол постигнаа Лионел Меси и Луис Суарез. Овие двајца се најдобри стрелци во лигата, Меси постигнал 18, а Суарез 15 гола.
Меси и Суарез по 20 кола постигнале заедно 33 гола, а неверојатен е податокот …


Барселона синоќа го победи Леганес со 3:1, а по еден гол постигнаа Лионел Меси и Луис Суарез. Овие двајца се најдобри стрелци во лигата, Меси постигнал 18, а Суарез 15 гола.
Меси и Суарез по 20 кола постигнале заедно 33 гола, а неверојатен е податокот дека тие двајца постигнале повеќе голови од сите други екипи во лигата.
Меси и Суарез имаат постигнато три гола повеќе од Атлетико и Реал, екипи што се најблиску до Браселона на табелата.
Според тимскиот учинок, најблиску до Меси и Суарез се Леванте и Селта, чии играчи досега постигнале 32 гола.
Поради ова, Барелона е далеку најефикасна екипа во Ла Лига со 56 гола на досегашните 20 натпревари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јунајтед и Рома се договорија, сега Санчо треба да ја договори платата со „волчицата“

Манчестер јунајтед се согласи да го продаде Џејдон Санчо во Рома за 23 милиони евра, но англискиот репрезентативец сè уште не ги договорил финансиските услови, ќе мора да прифати намалување на платата.
Италијанските медиуми објавија дека клубовите постигнале договор за позајмица со обврска за откуп на договорот од 23 милиони евра.
Јунајтед е заинтересиран да го продаде Санчо, чиј договор истекува следното лето, но големиот проблем е платата на 25-годишникот од 15 милиони евра по сезона.
Со оглед на тоа дека ова е далеку над можностите на Рома, клубот му предложи на Санчо да потпише петгодишен договор за да ја распредели својата плата.
Санчо би заработувал околу 4,5 милиони евра по сезона на Олимпико плус бонуси.
Јувентус и Бешикташ се исто така заинтересирани за Санчо.
Санчо ја започна својата кариера во Борусија Дортмунд, од каде што се пресели во Манчестер јунајтед во 2021 година. Тој беше отстранет од тимот во септември 2023 година поради недостаток на посветеност и недисциплина, а вториот дел од сезоната го помина на позајмица во Дортмунд.
Минатата сезона играше на позајмица во Челзи.
Спорт
Елмас на радарот на клубови од Италија, Турција и Англија

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, до крајот на преодниот рок ќе го напушти Лајпциг. Елмас, вториот дел од сезоната го мина на позајмица во Торино. Лајпциг за неговите услуги бара околу 20 милиони евра.
Најреално во овој момент е Елмас да се врати во Италија. Торино сака да го откупи од Лајпциг, но не и да плати 20 милиони.
Проблем со финансиите нема поранешниот клуб на макеоднскиот репрезентативец, Наполи. Засега актуелниот италијански шампион важи за најголем фаворит за неговиот потпис.
Фудбалскиот инсајдер Екрем Конур, тврди дека покрај Наполи и Торино, интерес за 25-годишникот покажале Бепикташ и Вест Хем.
Foto/ EPA/ELISABETTA BARACCHI
Спорт
Нотингем Форест го потврдија МекАти и го финализира трансферот на Даглас Луиз

Нотингем Форест со два трансфери ќе го затвори преодниот рок. Сезоната „шумарите“ ќе се натпреваруваат во Лига Европа.
Горест досега го напуштија Еланга, Данило, Соса; Тарнер и Омобамиделе, а во клубот пристигнаа Хачисон од Ипсвич, Ендоје од Болоња, Хесус и Куња од Ботафого и Ган од Норич.
Клубот доцна синоќа го потврди трансферот на Џејмс МекАти. Англискиот играч за врска доаѓа од Манчестер сити во трансфер вреден 35,4 милиони евра. Сити вклучи клаузули во договорот за право на откуп и процент од идните продажби, објави Фабрицио Романо.
Последното засилување треба да биде Даглас Луиз кој не се снајде во Јувентус и се очекува по само една сезона да се врати во Премиер лигата.
Фудбалерот се договорил со Нотингем, останува истото да го сторат и клубовите.
„Шумарите“ понудила околу 30 милиони евра и одередни бонуси, а сето тоа би можело да биде доволно за Јувентус да го затвори овој трансфер.