Свет
Апсењето на иранската новинарка во Сент Луис е опасен преседан

Наргес Мобалеги, независна новинарка и поранешна колешка на уапсената новинарка на иранската „Прес ТВ“, Марзиех Хашеми, изјави за „Спутник“ дека неодамнешното затворање на Хашеми најверојатно ќе постави многу опасен преседан за новинарите.
Хашеми беше уапсена на 13 јануари на меѓународниот аеродром „Сент Луис Ламберт“ во Мисури додека се подготвуваше да се качи на летот во Денвер. Таа е во САД за да работи на документарен филм во врска со движењето Black Lives Matter.
Делови од налогот за апсење на Хашеми откриваат дека таа била приведена поради поврзаност со случај во Вашингтон и дека ќе биде ослободена веднаш по нејзиното сведочење.
„Хашеми е затворена од 13 јануари и сега имаме повеќе прашања, а премалку одговори. Сега знаеме дека е притворена без обвинение според многу контроверзниот закон за сведоци, но не знаеме зошто. Тоа е навистина без преседан и поставува многу опасен преседан за новинарите”, изјави Мобалеги, истакнувајќи дека трите деца на Хашеми исто така добиле судски покани.
Апсењето на Хашеми беше масовно осудено од иранските официјални претставници. Минатата недела иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, изјави дека нејзиното апсење е неприфатлив политички чин што ја гази слободата на говорот.
Цитирајќи судски документи, Си-ен-ен објави дека на Хашеми ѝ бил доделен адвокат и дека двапати се појавила во федералниот суд откако е уапсена. Мобалеги посочи дека властите првично ѝ го одзеле хиџабот на Хашеми, но повторно ѝ било дозволено да ја носи својата шамија откако случајот добил публицитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се огласи ајатолахот Али Хамнеи: Иран никогаш нема да се предаде

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, напиша дека Иран никогаш нема да им се предаде на ционистите во серија објави на социјалната мрежа X.
„Нема да имаме милост кон ционистите“, гласи преводот на една од објавите. Друг гласи: „Битката започнува“.
Ова се првите јавни изјави на Хамнеи откако американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД знаат каде е иранскиот лидер, но дека „тие нема да го убијат… барем засега“.
Порано оваа недела беше објавено дека Трамп ставил вето на израелскиот план за атентат врз Хамнеи.
Свет
Амбасадата на САД во Ерусалим ќе биде затворена до петок

Амбасадата на САД во Ерусалим ќе биде затворена од среда до петок поради безбедносната ситуација во регионот и во согласност со израелските упатства, објави американскиот Стејт департмент.
„Во светлината на безбедносната ситуација и во согласност со упатствата на израелската команда на внатрешниот фронт, амбасадата на САД во Ерусалим ќе биде затворена од среда, 18 јуни, до петок, 20 јуни. Ова ги вклучува конзуларните оддели во Ерусалим и Тел Авив“, соопшти Стејт департментот.
Израел го започна конфликтот со изненадувачки напад минатата недела во кој беа убиени речиси сите врвни воени команданти на Иран, како и неговите водечки нуклеарни научници. Израелските напади во Иран оставија најмалку 224 мртви и повеќе од 1.000 ранети, според официјалниот број на жртви во Иран.
Според кабинетот на израелскиот премиер, во иранските ракетни напади врз Израел од петокот загинаа 24 лица.
Свет
Израел им забрани на граѓаните да ја напуштаат земјата со авион

Израел им забрани на своите граѓани да ја напуштат земјата со авион, наведувајќи безбедносни причини по ескалацијата на непријателствата со Иран, според блискоисточните медиуми.
Според израелскиот „Хаарец“, владата им наредила на домашните авиокомпании да не им дозволуваат на израелските граѓани да се качуваат на летови, додека стравувањата од можни ирански одмазднички напади врз израелските аеродроми растат.
Аеродромот „Бен Гурион“, главниот меѓународен аеродром во Израел, е затворен „до понатамошно известување“. Според „Мидл Ист Монитор“, одлуката наводно произлегла од загриженоста на безбедносните службеници за ризикот од пренатрупаност и можни масовни жртви во случај на ирански напад врз аеродромите.
Израелската министерка за транспорт Мири Регев ја објави мерката, велејќи:
„Во оваа фаза нема да дозволиме Израелците да ја напуштат земјата“.
Таа објасни дека во моментов само странски државјани – како што се дипломати и туристи – имаат право да ја напуштат земјата.
Регев, исто така, потврди дека владата подготвува операција за враќање на повеќе од 100.000 израелски граѓани кои моментално се наоѓаат во странство, ветувајќи дека процесот ќе се спроведува постепено и на планиран начин.
Ограничувањата за патување доаѓаат по нападот на Израел врз иранскиот аеродром Машхад, што предизвика стравувања дека аеродромите сега би можеле да се сметаат за легитимни цели.