Македонија
Магла на патот Тетово – Гостивар, намалена видливост и на Стража
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/12/magla.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На повисоките места во западниот дел од државата има остатоци од кашест снег, по интервенција на екипите на ЈП „Македонијапат“. Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка, Маврово и Буково.
Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Тетово – Гостивар е намалена на 50 – 100 метри, а на планинскиот премин Стража од 20 – 50 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Муцунски – Гир: Упатена благодарност за континуираната поддршка од Европската унија за реформските процеси
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Mucunski_Gir_2.jpeg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Европската унија, Дејвид Гир.
На средбата, министерот Муцунски, го нагласи силниот фокус на новата Влада за забрзување на евроинтегративниот процес на земјата и испорачување на реформи кои ќе значат опиплив напредок за граѓаните, пред се во делот на обезбедување економски развој и унапредување на владеењето на правото и борбата со високата корупција.
Муцунски упати благодарност и за континуираната поддршка од Европската унија за реформските процеси, нагласувајќи дека земјата ќе продолжи посветено да работи заедно со ЕУ во духот на партнерството и заедничките вредности.
На работната средба беше истакната и важноста на евроинтегративниот процес за стабилноста на регионот и, во таа смисла, потребата од што поскоро интегрирање на земјите од Западен Балкан во ЕУ имајќи го предвид актуелниот геополитички контекст. Во таа смисла, беше поздравен и неодамна донесениот План за раст за Западен Балкан како значаен политички и финансиски влог на ЕУ кој треба да внесе дополнителен поттик на патот кон остварување на крајната цел за полноправно членство во ЕУ.
Македонија
ЛДП: Инцидентот на Голем Кораб е акт на негирање на заедничкото наследство и на потребата за мирен соживот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/korab-1.jpg)
Во врска со инцидентот на врвот Голем Кораб, каде што албанскиот планинар Шулку ја искина и фрли македонската информативна табла, изразуваме длабоко разочарување, ваквиот чин е неприфатлив и спротивен на принципите на спортот и планинарењето, кои треба да не обединуваат, а не да не делат, се вели во реакцијата на Либерално-демократската партија.
-Очекуваме одговорност и реакција од сите вклучени страни, бидејќи само преку заедничка осуда и преземање мерки можеме да спречиме слични инциденти во иднина. Ваквите постапки само го поткопуваат духот на заедништво и пријателство меѓу народите и создаваат непотребни конфликти. Спортот и планинарењето се активности кои ги надминуваат границите и политиката и треба да градат мостови на пријателство и соработка, додаваат од партијата.
Од ЛДП посочуваат дека Голем Кораб, како највисок врв во Македонија и Албанија, е симбол на природната убавина и заедничкото наследство. Врвот не само што е физичка точка на спојување, туку и духовна, културна и историска врска меѓу нашите две нации, а инцидентот каде што беше уништена таблата е акт на негирање на заедничкото наследство и на потребата за мирен соживот. Спортот и планинарењето се активности кои треба да го поттикнуваат пријателството и соработката, а не конфликтите и поделбите. Ваквите постапки го нарушуваат духот на заедништво и го поткопуваат напорот за изградба на позитивни релации меѓу народите.
„На врвот Голем Кораб, кој се наоѓа во Националниот парк Маврово, стоеше информативна табла со налепница испишана на македонски јазик, укажувајќи дека врвот има надморска височина од 2.764 метри. Налепницата исто така посочуваше дека корабскиот планински масив припаѓа на две земји – Македонија и Албанија. Албанскиот планинар Шулку, кој се искачи на врвот, одлучи да ја искине и да ја фрли налепницата. Во својот пост на Фејсбук, Шулку изрази дека “Кораб припаѓа на Албанија и дека таму нема место за македонското знаме”, завршуваат од партијата.
Македонија
(Видео) „Кораб е на Албанија“: Албански планинари го отстранија македонското и го закачија албанското знаме
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/korab.jpg)
Албански планинари го отстранија македонското и го закачија албанското знаме
На видеото може да се забележи дека Шулку е придружуван од уште неколку други лица.
Од МВР се уште не се огласиле за овој инцидент.