Свет
(Видео) Петгодишни девојчиња на минус 45 степени избегале од градинка во Сибир
Две девојчиња на возраст од пет години избегале од градинка во рускиот град Јакутск во Сибир, при што се здобиле со сериозни повреди поради температурите, кои се спуштиле на минус 45 степени.
Тие набрзо биле пронајдени и заздравуваат од смрзнатост, објави Би-би-си. Девојчињата сакале да ги изненадат нивните родители дома, а при излегувањето од градинката ги снимила надзорната камера.
Едно од девојчињата немало ракавици, поради што три прсти ѝ премрзнале и сè уште се наоѓа во болница. Нејзината мајка за медиумите рекла дека сè уште е во шок и плаче. „Има сериозни повреди на три прста“, рекла мајката.
Другото девојче се изгубила на патот кон дома. Ја пронашле еден час подоцна во соседната куќа, каде што се засолнила од студот. Надлежните институции истражуваат како воопшто дошло до овој инцидент.
Јакутск е втор најстуден град во Русија. Таму просечните температури изнесуваат минус 8.8 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

