Европа
Имигрантите го забавуваат демографскиот пад на Германија
Во следните 45 години бројот на населението во Германија ќе се намалува побавно отколку што се предвидуваше, благодарејќи на високиот прилив на имигрантите во оваа земја, покажуваат официјалните статистички податоци објавено во вторникот.
Бројот на имигрантите и на барателите на азил во Германија во последните дваесет години ги достигна највисоките нивоа и ја поттикна сé поострата дебата во земјата во врска со ова прашање. Меѓутоа, германските власти велат дека имигрантите им се многу потребни за да го спречат демографскиот пад кој ѝ се заканува на земјата поради сé постарата германска популација.
Бројот на жителите на Германија, во којашто во 2014 година живееле 81,1 милиони луѓе, ќе се намали меѓу 67,6 и 73,1 милиони до 2060 година, покажуваат статистичките податоци, а бројот на имигрантите коишто ќе пристигнат во земјата ќе влијае на тоа дали ќе се оствари првата или втората варијанта. Силниот пад ќе се почувствува во сразмерот на работоспособното население, се наведува во соопштението на сојузното Биро за статистика. До 2060 година, според овие проекции, бројот на работоспособното населени на возраст меѓу 20 и 64 години ќе биде преполовено.
Во февруари годинава податоците на бирото покажаа дека доселувањето на Германија во текот на минатата 2014 година било за 20 отсто повеќе во однос на претходната 2013 година, и во првите шест месеци од ланската година се доселиле 667.000 луѓе.
На почетокот од 2014 година беше укината со седумгодишните преодни ограничување на Европската унија за романските и бугарските државјани. Од 667.000 луѓе пристигнати во Германија во минатогодишното прво полугодие, најмногу доселеници има од Романија, 98.000, па следат Полјаците 96.000, Бугарите со 38.000 а од најмладата членка на ЕУ – Хрватска ги имало 21.000 доселеници што е 202 отсто повеќе отколку во првите шест месеци од 2013 година.
Доселувањето стана важно политичко прашање во Германија, особено по појавувањето на граѓанското движење и масовното собирање што тоа ги организира Родољубиви Европејци против исламизирањето на Западот (Pegida).
Водечките политичари во земјата започнаа со дискусиите за можната ревизија на законот за доселување. Имено, според германскиот државен завод за статистика, оваа е четврта година со ред да се зголемува бројот на доселениците во Германија.
Во првите шест месеци од ланската година од Германија, пак, се иселиле 427.000. Статистичарите велат дека податоците за доселувањето и иселувањето се блиску поврзани, бидејќи многумина доаѓаат во Германија во потрага за работа или азил, па за неколку месеци заминуваат доколку не им се остварат плановите.
Малку помалку од 200.000 доселеници од Германија пристигнале надвор од Европа. Голем пораст е забележан во доаѓањето на бегалците од Сирија, кои во првото полугодие од минатата година ги имало 22.000, што е за 242 отсто повеќе од истиот период претходната година.
Исто така, и бројот на баратели на азил го достигнал нивото коешто не е забележано од почетокот на 1990-те. Минатата година азил во Германија побарале вкупно 202.834 луѓе, или 60 отсто повеќе отколку во претходната 2013 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.
Европа
Лавините на француските Алпи убија тројца скијачи
Тројца скијачи загинаа вчера во одделни лавини на француските Алпи, само еден ден откако три други лица загинаа во слични несреќи, објавија локалните медиуми.
Во Ла Плањ, британски државјанин, на возраст од околу 50 години, беше затрупан од снег, објави скијачкиот центар. Француските медиуми објавија дека 52 спасувачи, кучиња-трагачи и хеликоптер биле вклучени во потрагата и дека им биле потребни 50 минути за да пронајдат маж под 2,5 метри снег, но не можеле да го спасат.
Во блискиот Куршевел, лавина затрупала уште едно лице кое било пронајдено мртво во доцните утрински часови, според извештаите.
Регионалниот дневен весник „Le Dauphiné libéré“, исто така, објави за неколку повредени скијачи и сноубордери.
Според извештаите на медиумите кои се повикуваат на планинската полиција, 32-годишен маж загинал во лавина во Валорцин, во близина на швајцарската граница. Тој скијал надвор од стазата кога лавина го исфрлила во дрво, а подоцна им подлегнал на повредите.
Властите повикаа на претпазливост
Еден ден претходно, уште три лица загинаа во истиот регион.
Во неделата беа пријавени неколку лавини низ Савој, што ги натера локалните власти да ги повикаат жителите и туристите да бидат „екстремно внимателни“ и да не излегуваат надвор од назначените скијачки патеки.
Европа
Британски скијач загина во лавина на француските Алпи
Британски скијач загина вчера во лавина во Француските Алпи. Несреќата се случила додека мажот, за кој се верува дека е во педесеттите години, скијал надвор од пистата во популарното одморалиште Ла Плањ, објави Скај њуз.
Обемна операција за спасување
Спасувачките екипи беа повикани на лавината попладнето во 13:57 часот и веднаш се упатија кон местото на настанот во југоисточна Франција. Голем тим од 52 лица, вклучувајќи медицински персонал и инструктори за скијање, беше вклучен во потрагата, а со хеликоптер беше донесено и куче трагач.
И покрај брзата реакција, Англичанецот беше пронајден дури по 50 минути пребарување, закопан под 2,5 метри снег.
Скијал без потребната опрема
Според соопштението од одморалиштето, човекот што починал бил во друштво на група, но не бил опремен со примопредавател за лавина ниту бил придружуван од професионален инструктор. Скијачкиот центар Ла Плањ изрази сочувство до семејството на починатиот.

