Свет
САД одбиваат да ги повлечат дипломатите од Венецуела

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, одби да ги повлече американските дипломати од Каракас тврдејќи дека владата што ги прекинала дипломатските врски со САД не е легитимна и се закани со „соодветни мерки“ ако некој од нив биде загрозен, пренесува РТ.
„Ги повикуваме венецуелските воени и безбедносни сили да продолжат да ја штитат благосостојбата на сите венецуелски државјани, како и на американските и другите странски државјани во Венецуела”, се вели во изјавата на Помпео.
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, во средата ги прогласи сите американски дипломати за персона нон грата откако Вашингтон го призна лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо, за претседател на земјата. Гуаидо, пак, рече дека сака американските дипломати да останат, отворајќи простор за потенцијален дипломатски инцидент.
Бидејќи САД не го признаваат „режимот“ на Мадуро, неговата наредба за отстранување на американските дипломати не е легитимна, тврди Помпео, додавајќи дека Вашингтон ќе одржува дипломатски односи со Каракас единствено преку владата на Гуаидо.
Откако администрацијата на Трамп ја призна владата на Гуаидо, голем број американски сојузници го следеа примерот, вклучувајќи ги и повеќето земји од ОАС и Канада. Лидерите на ЕУ, исто така, ја поддржаа бунтовничката влада.
Куба и Боливија му изразија поддршка на Мадуро, а Мексико соопшти дека „засега“ ќе продолжи да ја признава легитимноста на Мадуро. Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, рече дека американското „бирање” влада во Каракас совршено ги илустрира вистинските западни чувства кон меѓународните закон, суверенитет и немешање во внатрешните работи на државите.
Претседателот на парламентот на Венецуела, единствената институција контролирана од опозицијата, Хуан Гуаидо, синоќа се прогласи за преоден претседател на државата пред десетици илјади приврзаници во Каракас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Намалено предупредувањето за Хаваите

Предупредувањето за цунами за Хаваите е намалено, објави Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами.
Ова значи дека постои можност за силни бранови, мали поплави и силни струи, но не се очекува големо цунами.
„Евакуираните можат да се вратат дома“, рече гувернерот на Хаваи, Џош Грин.
На луѓето им се советува да возат полека и да бидат безбедни, а воедно да внимаваат на поплави во некои области.
Свет
Земјотрес во Русија на 30 јули предизвика цунами во Америка на 29 јули

Силен земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала го погоди полуостровот Камчатка на рускиот далечен исток во среда наутро во 11:24 по локално време. Наскоро, четири бранови цунами го погодија Северо-Курилск во руската Сахалинска област.
Сепак, до моментот кога првите бранови на цунамито стигнаа до Хаваите неколку часа подоцна, според локалното време таму, беше вторник вечер.
Тоа е затоа што брановите, во календарска смисла, се вратија „во минатото“.
Додека се движеле на исток, брановите oд цунамито ја преминале Меѓународната датумска линија, невидлива граница што го дели Тихиот Океан и разграничува еден ден од следниот.
Фото: Цунами во Русија по потресот
Свет
Земјотресoт во Камчатка силен како 15.800 атомски бомби фрлени врз Хирошима

Земјотрес со јачина од 8,8 степени, како оној во Камчатка, ослободува огромна количина на енергија.
За споредба, атомската бомба фрлена врз Хирошима ослободи околу 15 килотони енергија од ТНТ (тоа се околу 6,3 × 10¹³ џули).
Земјотрес со јачина од 8,8 степени ослободува приближно 1×10¹⁸ џули енергија.
Ако го поделиме тоа: 6,3×10131×1018≈15.873
Значи, земјотресот со јачина од 8,8 степени бил приближно 15.800 пати посилен (во однос на ослободената енергија) од атомската бомба фрлена врз Хирошима.