Свет
Ердоган со поддршка за Мадуро: Брате, главата горе

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, остварил разговор со претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и му изразил поддршка откако лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо, се прогласи за привремен претседател, изјави портпаролот на Ердоган, Ибрахим Калин.
„Нашиот претседател му се јави и му изрази поддршка на венецуелскиот колега Николас Мадуро, велејќи му: ‘Мој братe Мадуро! Главата горе, ние сме со тебе!“, објави Калин на „Твитер“.
Гуаидо вчера се прогласи за привремен претседател и тоа со поддршка од Вашингтон и многу земји од Латинска Америка, а по ваквата објава односите со САД ги прекина социјалистот Мадуро, кој е на власт од 2013 година, во земјата богата со нафта, но во тешка економска криза поради која населението бега во соседните земји.
Вториот претседателски мандат на Мадуро почна на 10 јануари, откако победи на изборите одржани во мај, што многумина во светот, вклучувајќи ја и Европската Унија, ги прогласија за недемократски. Оттогаш, Мадуро е предмет на зголемен меѓународен притисок да поднесе оставка.
Повеќето земји од Латинска Америка го признаа Гуаидо за нов венецуелски претседател, но на страната на Мадуро застанаа левичарските влади на Куба и Боливија, осудувајќи ги, како што истакнаа, империјалистичките акции кои имаат цел да го соборат од власт.
Постапките на западните земји утрово ги осуди и официјална Москва, од каде порачаа дека Западот на меѓународното право гледа од аспект на своите стратешки позиции.
Мексико со новиот левичарски претседател, Андрес Мануел Лопез Обрадор, соопшти дека нема да заземе страна за ситуацијата во Венецуела. Од таму сепак ја осудија надворешната поддршка за лидерот на опозицијата, оценувајќи ја истата како кршење на суверенитетот на Венецуела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кина: Се надеваме на договор за Украина што е прифатлив за сите страни

Кина денес изјави дека се надева на договор за Украина „прифатлив за сите страни“, пред состанокот во Белата куќа меѓу претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и неколку европски лидери.
Доналд Трамп изјави дека неговиот украински колега би можел речиси веднаш да ја заврши војната со Русија, исклучувајќи ја можноста Киев да ја врати контролата врз полуостровот Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година, и да се приклучи кон НАТО. Украинскиот претседател прво ќе одржи приватни разговори со Трамп, почнувајќи во 19 часот по средноевропско време, а потоа ќе им се придружат и европските лидери.
„Се надеваме дека сите засегнати страни ќе учествуваат во мировните преговори навремено и што е можно поскоро ќе постигнат праведен, траен, обврзувачки и сеприфатлив мировен договор“, изјави Мао Нинг, портпаролка на кинеското Министерство за надворешни работи, на прес-конференција.
Заедно со Зеленски, во Белата куќа се очекуваат и францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџа Мелони, британскиот премиер Кир Стармер и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Самитот одржан пред три дена во Алјаска меѓу американскиот претседател и неговиот руски колега Владимир Путин не доведе до прекин на огнот.
Кога беше прашана за средбата меѓу Трамп и Путин, портпаролката Мао Нинг денес потврди дека Кина ги поддржува сите напори насочени кон мирно решавање на кризата. „Кина е задоволна што Русија и САД одржуваат контакт, ги подобруваат своите односи и промовираат политичко решение за украинската криза“, нагласи таа.
Свет
Украина: Погодивме нафтовод во Русија

Украинската војска потврди дека погодила нафтовод во рускиот регион Тамбов, со што се прекина снабдувањето од нафтоводот Дружба.
Претходно денес, унгарското Министерство за надворешни работи ја обвини Украина за напад врз тој нафтовод и изјави дека протокот на руска нафта кон Унгарија е запрен поради тоа.
„Украина повторно го нападна нафтоводот што води до Унгарија, прекинувајќи го снабдувањето“, напиша унгарскиот министер за надворешни работи на платформата „Икс“.
„Овој последен напад врз нашата енергетска безбедност е срамен и неприфатлив!“
Украинскиот шеф на дипломатијата Андриј Сибиха одговори на таа објава, велејќи дека „Русија, а не Украина, ја започна оваа војна и одбива да ја заврши“.
Сибиха додаде дека Унгарија со години е предупредувана дека Москва не е сигурен партнер.
Свет
Трамп: Денес е голем ден во Белата куќа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави на социјалните мрежи дека денес е „голем ден во Белата куќа“.
„Америка никогаш немала толку многу европски лидери тука истовремено“, напиша тој на својот профил на „Тру соушал“.
„Голема чест за Америка!!!! Ќе видиме какви ќе бидат резултатите???“
Во исто време, според извештајот на агенцијата Укринформ, Володимир Зеленски се среќава со американскиот претставник Кит Келог во Вашингтон пред неговите разговори со Трамп.