Европа
Руски воен конвој влегол во Украина?

Руски воен конвој влегол во Украина во четвртокот вечерта според сведочење на група западни новинари, пишуваат британските весници Telegraph и Guardian.
Новинарите виделе колона од 23 оклопни транспортери покрај кои биле цистерни со горива и други логистички возила со службени руски воени регистерски таблички како преминуваат во Украина преку отвор од бодликава жица која ја означува границата
Колоната чекала да падне темница и ја минала границата по 22 часот по локалнио време во близина на рускиот град Донецк, кој се наоѓа околу 200 километри источно од украинскиот град Донецк, извести Telegraph. Киев ја загуби контролата над својата страна од границата во овој регион.
Конвојот тешко дека претставува вистинска и полна руска инвазија, но потврдува дека руските сили влегуваат во Украина и дека војската ја минува границата, пишуваат британските весници.
„Ова е неспорен доказ на она што во Украина веќе долго се трвди-дека руски сили се активни внатре во нејзините граници“, наведува Guardian.
Овие возила не изгледаат дека имаат некаква врска со рускиот конвој со помош кој стои на 36 километри источно на патот, пишува Telegraph.
Рускиот конвој со хуманитарна помош од 280 камиони наменет за Луганск застана на руска страна пред границата. Украина инсистира дека конвојот може да влезе само под закрила на меѓународни организации.
Киев и Западот стравуваат дека Русија би можела да го искористи хуманитарниот конвој како изговор за инвазија на Украина, додека Москва ги отфрла обвинувањата и демантира дека во камионите би можело да има оружје. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин