Црна хроника
Двајца загинати во пад на цесна врз куќа во САД
Две лица загинаа во пад на мал авион во американскиот град Фресно, во сојузната држава Калифорнија, пишува во петокот The Los Angeles Times.
Како што изјавил портпаролот на Федералната управа за цивилно воздухопловство на САД, Јан Грегор, малиот авион од типот „Cessna 172“ паднал на само 250 метри од пистата на аеродромот „Чендлер Екзекутив“.
Авионот закачил во дрво, а потоа паднал во дворот на куќа. Двете лица во авионот, пилотот и деветгодишно момченце, негов роднина, загинале во несреќата.
„Слушнав удар, а потоа одеднаш изби пламен“, изјави за весникот очевидец на инцидентот.
Точната причина за падот на авионот сé уште не е утврдена, а од Федералната управа за цивилно воздухопловство на САД соопштиле дека заедно со Националната комисија за безбедност при транспортот започнале истрага./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Приведена жена од Кавадарци поради напад врз своето 6-месечно бебе
Утрово, околу 6 часот, полицијата во Скопје приведе 23-годишна девојка од Кавадарци, која се сомничи дека ноќеска, околу 00:37 часот, во семејниот дом физички го нападнала своето шестмесечно бебе.
Бебето било итно пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му е укажана лекарска помош.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Жена од Кратово нападнала вработени во Центарот за социјални работи
Полицијата во Кратово поднесе кривична пријава против Е.М. (38) од овој град поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, соопшти МВР.
На 3 октомври 2025 година, во Кратово, пријавената со дрвен предмет се обидела да нападне вработено лице во Јавната установа „Центар за социјални работи“ – Кратово, а упатувала и закани кон други вработени во установата додека ги извршувале своите работни задачи.
Топ
Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром
Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“ изгубил контрола и удрил во контејнери и во паркирано возило алфа Ромео. Осомничениот, 22-годишниот М.А.А. од Турција со привремен престој во Скопје, избегал од местото, јави Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, настанот се случил вчера во 22:50 часот. Полицијата го лоцирала возачот по кратка потера и го привела. При алкотест му биле измерени 0,97 промили алкохол во крвта, а по распитот бил изнесен пред судија за прекршоци.
Осомничениот се товари за 3 прекршоци, недозволена брзина, напуштање на лице место и возење под дејство на алкохол.

