Економија
За грантот на снаата на Ласкова одлучувачите се двоумат една недела
Шест месеци по одобрувањето на грантот, до Комитетот за одобрување инвестиции во Фондот за иновации стигнала информацијата за поврзаноста на советничката на премиерот Цветанка Ласкова со фирмата на нејзината снаа. Комитетот треба да ја донесе конечната одлука дали Христина Керкез, снаата на Ласкова, преку фирмата „Декодикс“ ќе добие 320.000 евра државни пари за проектот „Декодирај – ме“. Покрај за снаата на Ласкова, Комитетот треба да донесе одлуки и за грантовите на компанијата „Контура“ на Елена Донева поврзана со поранешниот амбасадор Јован Донев, за „Т – сенс“ поврзана со сопругата на актуелниот министер за култура Асаф Адеми и за „Микросам“ на поранешниот министер без ресор Веле Самак. Сите четири компании од „Транспаренси интернешнал – Македонија“ добија оценка среден ризик од аспект влијанието на јавните функционери со кои се поврзани.
„Комитетот за одобрување инвестиции на 21. 01. 2018 година, понеделник, одржа седница на која им беше презентирана проценката на ризик која ја направи нашиот партнер ‘Транспаренси интернешнал – Македонија’ за компаниите што пријавија поврзаност со носители на јавни функции во сопственичката структура во сопственичката структура во рамките на првиот бран од Планот за економски раст на Влада на РМ. Деновиве ја очекуваме конечната одлука на Комитетот во однос на доделување финансиски средства од ФИТР“, велат од Фондот за иновации.
Комитетот за одобрување инвестиции во Фондот за инвестиции е независно тело формирано од петмина меѓународни експерти именувани од Владата. Претседателка на Комитетот е Кларис Бехар Молад, а членови се Доналд Луис ЏР, Николаос Георгулас, Глигор Ташковиќ и Авинаш Сахи, сите со меѓународно искуство во областа на инвестициите во иновациската дејност. Комитетот во истиот состав во јули минатата година им одобри грантови и на овие четири компании за кои повторно одлучува, но по притисокот од јавноста Фондот ги обврза сите добитници да дадат изјави за поврзаност со носители на јавни функции. Откако четирите компании пријавија поврзаност со функционери, Фондот во октомври минатата година изготви протокол за проценка на ризик, а „Транспаренси интернешнал – Македонија“ како надворешен соработник го примени и оцени дека четирите фирми се со среден ризик. Во понеделникот проценката „Транспаренси“ ја покажале на Комитетот кој го има последниот збор за одобрување на грантовите.
На компанијата „Декодикс“ ѝ беше одобрен грант од 19.954.200 денари, нешто помалку, односно 19.925.977 денари беа одобрени на „Микросам“, на „Контура“ и беа одобрени 3.638.655 денари, на „Т – сенс“ и беа одобрени 4.113.041 денари. Дали ќе потпишат договори со Фондот за да ги добијат парите зависи од конечната одлука на Комитетот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

