Спорт
Ѓоковиќ го „збриша“ Пуи, закажа финале со Надал



Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, на импресивен начин избори пласман во финалето на Австралија опен. Српскиот тенисер во полуфиналето го збриша од теренот Лука Пиу за само 85 минути игра. Ѓоковиќ на тенисерот од Франција му препушти само четири гема, по два во вториот и третиот сет (6/0, 6/2, 6/2).
Ѓоковиќ го одигра најдобриот меч во досегашниот тек од турнирот, а во тоа му помогна и Пуи, кој делуваше преплашено и нервозно на теренот.
Дека, шесткратниот победник во Мелбурн има намера експресно да ја заврши работата најави во првиот сет, кој со нула го доби за само 23 минути.

Вториот и третиот се одвиваа по исто сценарио, Ѓоковиќ правеше брејк најпрвин во четвртиот гем, а потоа во осмиот ја завршуваше работата.
На крајот статистиката покажа дека Ѓоковиќ забележал 24 директни поени, а имал само пет неизнудени грешки, додека тој однос кај Пуи е 18 винери и 27 неизнудени грешки.

Ѓоковиќ седми пат избори пласман во финалето на Австралија опен, а ова ќе му биде вкупно 24.финале на гренд слем турнирите, во кое ќе се бори за својата 14. титула.
Новак Ѓоковиќ во финалето за противник во финалето ќе го има големиот ривал Рафаел Надал. Шпанецот, вчера на импресивен начин го мина полуфиналето. Тој на Стефанос Циципас му препушти шест гема.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милевски: Освоивме голем бод против Белгија, но веднаш се фокусираме на Казахстан

Македонската фудбалска репрезентација приреди пријатно изненадување во Гент, извлекувајќи голем бод против силната Белгија (0:0) и задржувајќи се на врвот на групата пред последните два квалификациски меча за Светското првенство 2026.
Селекторот Благоја Милевски беше задоволен од резултатот, особено од играта во одбрана, но предупреди дека има простор за подобрување во организацијата на играта во средниот ред.
„Мораме да бидеме реални – задоволен сум од дефанзивата, но не и од начинот на кој ја организиравме играта. Извлековме максимум од натпреварот, иако знам дека можеме многу повеќе. Секако, противникот имаше големо влијание со својот квалитет, имавме и т.н. ‘фактор икс’. Сега целосно се фокусираме на следниот меч со Казахстан. Се надевам дека повредата на Висар Муслиу не е сериозна – ќе имаме појасна слика по скенирањето во наредните 24 часа“, изјави Милевски на прес – конференцијата.
Македонија ќе го пречека Казахстан во понеделник, со цел да го задржи лидерското место и да го продолжи сонот за пласман на Светското првенство во 2026 година.
Спорт
Светската шампионка објави дека ја менува дисциплината

Холандската атлетичарка Фемке Бол, двократна светска шампионка во трките на 400 метри со пречки, објави дека во иднина ќе се натпреварува во дисциплината 800 метри.
Бол (25) ја опиша одлуката како „ново поглавје во нејзината кариера“, нагласувајќи дека преминот кон подолга дисциплина е „голема промена полна со неизвесност и вистински предизвик“.
Фемке Бол го освои своето второ светско злато во трките на 400 метри со пречки оваа година, со најдобар резултат во сезоната во таа дисциплина, на Светското првенство во Токио во септември.
Покрај тоа, таа освои сребро во микс штафетата 4×400 метри и бронза во женската штафета 4×400 метри.
Спорт
Белгија удри во македонскиот ѕид – Фудбалерите освоија бод во Гент

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови во Гент, против Белгија, во квалификациите за пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Македонските фудбалери ја исполнија целта, останаа непоразени против фаворизираната Белгија и ја задржаа лидерската позиција во Ј групата. Македонија ја продолжи успешната серија, во официјалните натпревари нема пораз на последните 13 натпревари.
Избраниците на Благоја Милевски излегоа со јасна цел да избегнат пораз и тоа им успеа и покрај тоа што противникот имаше 78 отсто од поседот на топката, но во првиот дел немаше сериозна шанса за гол. Сите напади на Белгија се одбија од македонскиот ѕд пред голот на Столе Димитиревски.
Во вториот дел кога белгија уште повеќе го засили ритамот, на сцена стапи Димитиревски, кој имаше неколку изворедни интервенции. Особено се истакна во периодот од 60-та до 65-та минута кога ги одбрани ударите на Доку и Опенда.
Македонија за три дена ќе игра на домашен терен против Казахстан.
Табела, Група Ј:
EPA/OLIVIER HOSLET