Скопје
Казнети 1.200 возачи и пешаци за една недела во Скопје
Вкупно 1.200 учесници во сообраќајот казнила полицијата во текот на изминатата недела за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот, соопшти во петок Министерството за внатрешни работи. Во истиот период пајак службата подигнала 473 возила.
Вкупно 1.200 учесници во сообраќајот казнила полицијата во текот на изминатата недела за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот, соопшти во петок Министерството за внатрешни работи. Во истиот период пајак службата подигнала 473 возила.
Според извшетајот на МВР, најмногу возачи биле казнети за непрописно паркирање (339), потоа за управување на возилото со над дозволената брзина (140) и за управување на возило со над 90 км на час во населено место (130).
Кај 89 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, 85 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 46 возачи, а кај 50 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло.
Покрај ова изречени се 14 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 35 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 34 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, за недавање првенство на минување изречени се 16 прекршоци, по осум прекршоци се изречени за недавање на првенство на минување на пешаци и за непрописно престројување.
За прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 20, за непрописно престигнување изречени се девет прекршоци, кај три возила е утврдена техничка неисправност, а со пајак службата подигнати се вкупно 473 возила.
СВР-Скопје најави дека и понатаму ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




