Спорт
„Четврта среќа“ – Данска моќно преку Норвешка за прва светска титула


По три порази во финалињата на Светските првенства, Данска во Хернинг ја победи Норвешка со 31:22 (18:11), за првпат во својата историја да стане светски шампион додека во исто време е актуелен олимписки шампион.
Данците шампионатот го завршуваат без пораз, доминирајќи од првиот до последниот меч, за по поразите во финалињата во 1967, 2011 и 2013, конечно да можат да се пофалат дека се и светски шампиони.

Почетокот на мечот ветуваше израмнет меч, откако Норвежаните имаа еден гол предност, но како што течеше полувремето, Данците ја преземаа иницијативата и по првите 30 минути игра имаа предност од дури седум гола (18:11). Секаков обид за враќање на Норвежаните во игра остана залуден и на крајот разликата достигна дури и 11 разлика, пред конечните 31:22.
Микел Хансен повторно беше лидер на Данците со седум гола, Лауге и Олсен имаа по пет, а Ларсен четири. На Норвежаните им беа залудни десетте гола на Јендал.
СП ГЕРМАНИЈА/ДАНСКА 2019
1.Данска, 2.Норвешка, 3.Франција,
4.Германија, 5.Шведска, 6.Хрватска, 7.Шпанија, 8.Египет
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Барселона рутински го реши Елче – Јамал го прекина голгетерскиот пост
Фудбалерите на Барселона го победија Елче со 3:1, во натпреварот од 11-то коло на шпанската Ла Лига.
Избраниците на Ханси Флик не си дозволија уште еден неуспех и ја имаа контролата од почетокот на натпреварот.
Со својот прв гол по повеќе од два месеци во првенството, Ламин Џамал и донесе водство на Блауграна во деветтата минута, а само две минути подоцна Феран Торес го дуплираше водството.
Рафа Мир им ја врати надежта на гостите од Елче во 42-та минута, непосредно пред паузата.
Во 61-та минута, Маркус Рашфорд, со удар од гредата, ја врати предноста од два гола на домашниот тим, чија победа не беше доведена во прашање.
Вреди да се спомене, дека Рафа Мир ја погоди стативата десет минути подоцна, но немаше промена на резултатот.
Барса е втора на табелата со 25 бода, пет помалку од лидерот Реал, додека Елче е деветти со 14 бода.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Хаотично дерби во Турција – Фенер од 2:0 до победа 2:3 кај Бешикташ
Дербито од 11-то коло од турската фудбалска лига помеѓу Бешикташ и Фенербахче (2:3) беше обележано со зголемени тензии кои кулминираа со инцидент во првото полувреме.
Откако атмосферата веќе беше напната поради црвените картони на дуото на Бешикташ, Оркун Кокчу поради груб фаул и Серген Јалчин (надвор од теренот), фудбалерот на Фенербахче, Марко Асенсио, беше погоден во главата со предмет фрлен од трибините.
29-годишниот шпански крилен напаѓач, поранешен играч Реал и ПСЖ, се приближи до корнер знаменцето во 30-та минута за изведе корнер. Во тој момент, непознат предмет излета од трибините и го удри, по што Асенсио падна на тревникот.
Се гледа како Асенсио е во болка додека разни предмети, шишиња и чаши паѓаат околу него.
Asensio'nun tinercilerin kafasına attığı madde sonucunda yerde kaldı. Fenerbahçe oyun başlayınca golü buldu. pic.twitter.com/xoJSHO83UD
— Fener Shadow (@fbshdow) November 2, 2025
Бешикташ поведе со 2:0 со головите на Ел Билал Туре во петтата минута и Емирхан Топчу во 22-та минута.
Откако Бешикташ остана со играч помалку на теренот, Фенербахче се врати во игра со головите на Исмаил Јуксек во 32-та и Асенсио во третата минута од судиското продолжение.
Atılan maddeler sonrası acı içinde yerde kalan Asensio intikam alıyor. pic.twitter.com/m91djRX7XJ
— Fener Shadow (@fbshdow) November 2, 2025
Џон Дуран донесе пресврт и победа на Фенер со гол во 83-та минута.
Dorgeles Nene, golün ardından tribünlerden atılan su şişesini tutuyor. 😂
— Fener Shadow (@fbshdow) November 2, 2025
Спорт
(Видео) Халанд го реши Борнмут
Манчестер сити во дербито го победи Борнмут со 3:1 и се искачи на второто место на табелата. „Граѓаните“ имаат шест бода помалку од Арсенал, зад нив со по 18 поени се Ливерпул и Борнмут.
„Граѓаните“ изгледаа одлично на теренот, играа онака како што сака Пеп Гвардиола и стигнаа до заслужена победа и второ место.
Халанд ја отвори серијата во 17-та минута, а осум минути подцна Донарума ги честеше гостите. По неговата грешка Адамес изедначи. Халанд со својот втор гол во 33-та минута им ја врати предноста на „граѓаните“.
Норвежанецот продолжи да ги тероризира противничките одбрани оваа сезона, веќе постигна 26 гола на 16 натпревари во сите натпреварувања, од кои 13 гола во Премиер лигата.
Точка на мечот, со деби голот за Сити, стави О’Рајли во 60-та минута.
Foto/ EPA

