Црна хроника
Недостасуваат уште 20-тина предмети од депоата на Музејот

Уште 20-тина предмети недостасуваат од депоата на Музејот на Македонија, соопштуваат од МВР.
Тројца кустоси пријавиле дека недостасуваат предмети и од нивните збирки, со што бројот на исчезнати вредни артефакти се искачи на 80.
Полицијата се уште не утврдила кога се случила кражбата и кои се сторителите.
Уште 20тина предмети од 3 други збирки недостасуваат во депоата на Музејот со што бројот на исчезнати артефакти се зголеми на 80.
Кражбата беше пријавена кога двајца кустоси од Музејот утврдиле дека предметите недостасуваат од збирките коишто ги должеле.
Засега нема осомничени, но во полиција не е пријавено насилно влегување во објектот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Едно лице тешко повредено во Аеродром, го нападнале поради недоразбирање во сообраќајот

Едно лице е тешко повредено во Аеродром, го нападнале неколку лица поради недоразбирање во сообраќајот.
Според информациите во МВР, синоќа околу 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, Р.Ж.(56) од Скопје бил физички нападнат од неколку лица. Тој со тешки телесни повреди е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден малолетен пешак во Скопје, во него удрил автомобил

Малолетен пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера во 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(22) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Кривична пријава за мајка, го терала детето да пита на Табановце

Полицијата поднесе кривична пријава за мајка која го терала детето да питачи на Табановце.
Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против Д.Р.(22) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,запуштање и малтретирање на дете’’.
Пријавената, од користољубие и со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, го запуштила детето и го наведувала на питачење. На 10.04.2025, пријавената го однела своето дете на Граничен премин Табановце, при што од полициски службеници било затекнато како питачи.