Македонија
(Видео) Стевананџија: Димитров нè однесе во самодржавна ликвидација
За жал, последниве две години имаме само политички порази, се отвoра процес на самодржавна ликвидација, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, од собраниската говорница.
„Иронијата ја донесе Димитрова, а нејзиниот син ја доврши, го смени името и нè остави на работ на самоуништување. Самиот министер рече дека ќе дадел оставка. Имаше информација дека ќе ја понесе. Дали ја поднел, па дали ја чкртал, не знам. Гледаме една антимакедонска кампања кај соседите, со кои велите сте удриле столбови на добрососедски односи“, изјави Стевананџија.
Тој од собраниската говорница праша дали е испратена нота кога извикуваа демонстранти дека Македонија е грчка. „Дали испративте нота кога во Бугарија извадија карта на која Македонија е поделена на 4 кантони? Дали, во името на Северномакедонците изреагиравте согласно со вашите ингеренции? Не, вие само си седите во фотелјата, која ви ја плаќаат овие искомплексирани северни или други Македонци“, изјави Ставананџија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

